БРИЏСТОН: Вовед во Шпанското ГП во Барселона - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

06 May 2010

БРИЏСТОН: Вовед во Шпанското ГП во Барселона


Бриџстон се подготвува за почеток на 2010 Формула 1 серијата на Европски трки. Првиот датум на календарот, Големата награда на Шпанија е на 9 мај во Каталонија, северно од Барселона. Патеката им е добро позната на тимовите и возачите, бидејќи ја користат во текот на зимата за подготовки за сезоната. За Големата награда на Шпанија, Јапонската компанија ќе донесе Bridgestone Potenza гуми со мека и тврда компонента. Патеката, долга 4655 метри, има долги правци и различни кривини и е тешка за гумите. Особено левата предна гума го зема поголемиот дел од притисок во текот на еден единствен круг. Наоѓањето на вистинскиот компромис меѓу низок потисок на правците и доволно downforce во кривините е предизвик за сите тимови. Многу криви бараат посебно внимание и се поминуваат со голема брзина со високо оптоварување на гумите.

Хироши Јасукавa, директор на Bridgestone Motorsport:
"Шпанското ГП е првиот настан во Европа и ние очекуваме големо внимание од медиумите. Ова е првата трка во Шпанија, подоцна, во јуни следува Валенсија. Шпанија е важен пазар за нас и активностите поврзани со Формула 1 придонесоа за зголемување на популарноста на нашиот бренд во оваа земја. Во нашата шпански филијала има повеќе од 4.000 вработени и повеќе од половина од производството на гуми направени тука се извезува на европските пазари.

Хирохиде Хамашима, Менаџер за развој на Bridgestone Motorsport:
"Барселона е во рамките на опсегот "просечна", во смисла на грубост и абразивноста на асфалтот, и ние донесовме гуми со тврда и мека компонента. Очекуваме зголемено трошење на левата предна гума. Температурата на воздухот и патеката ќе бидат повисоки во споредба со тестовите извршени во месец февруари и тоа ќе биде нешто што не треба да се потцени од страна на тимовите. Веруваме дека времињата ќе бидат многу блиски. Патеката е добро избалансирана и претставува добар показател на вкупниот баланс на болидот, па така оној болид што ќе покаже добри перформанси на оваа патека има потенцијал да постигува одлични перформанси на многу други патеки. "

Факти и бројки:
Број и спецификации на гуми донесени во Барселона: 2000 парчиња.
Компонента: тврди и меки (за сува подлога)

Ланска Трка:
Пол Позицијата: 1м. 20.527с (Батон, Браун)
Најбрз круг во трката: 1м. 22.762с (Баричело, Браун)
Подиум: Батон (Браун), Баричело (Браун), Вебер (Ред Бул)
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here