Од минатогодишната презентација на Ферари
Ферари најави дека ќе го промовира својот болид во последната недела од јануари, во пресрет на првата официјална тест-сесија, која започнува во Валенсија на 1 февруари. Иако мнозинството тимови се очекува да ги претстават своите болиди во Валенсија, Ферари останиува верен на својата традиција својот болид да го претстави во Маранело. Во пресрет на презентацијата, дуото на Ферари, Фернандо Алонсо и Фелипе Маса ќе го има својот прв јавен настап во новата година на традиционалниот ски-тренинг настан, кој ќе се одржи во MAdona di Campiglio во Италија наредната недела.
------------------------------------------------------------------------------
Рено ќе го презентира изгледот на својот болид на 13 Јануари, на Аутоспорт интернационалното шоу во Бирмингем, Англија, додека презентацијата на болидот со спецификации за 2011 година ќе го имаат еден ден пред пред стартот на првата тест сесија во Валенсија, 31 Јануари. Останати тимови со потвден датум за презентација се Заубер исто така 31 Јануари и Торо Росо ден подоцна, 1-ви Фебруари.
------------------------------------------------------------------------------
Да не биде како со минатогодишната трка во Кореја, одговорните за трката во САД денес започнаа со градежните работи на патеката. Иако има уште многу работа да се направи пред завршетокот на оваа 250.000.000 $ вредна патека, фактот дека изведувачите веќе се на терен е голем поттик за сите оние кои работеле напорно во последниве месеци да се надминат административните пречки. Патеката е дизајнирана од страна на познатиот дизајнер на Ф1 патеки Херман Тилке.

No comments:
Post a Comment