Интересна идеја која ја сретнав на интернет и мислам дека заслужува добро да се размисли за воведување на вакво нешто во Ф1. Би ја направило Ф1 многу поинтересна!!!
Во кулоарите на овој спорт оваа идеја не е нова, која се форсира повторно овие денови. Во Мелбурн бевме воодушевени што имаве ситуација во која Браун ГП беше тимот на првата позиција, аМекларен и Ферари се наоѓаа на дното од поредокот. Не дека имаме нешто против Мекларен и Ферари, туку дека тоа е пример она што е лошо во Формула 1. Од никој и ништо се станува Херој, а веќе следната година од Херој до никој и ништо, значи се се сведува на подготвеноста на болидот, а не до можностите на возачот. Ова датира од самите почетоци на овој спорт. Време е да се превземе нешто во врска со тоа.
Ф1 е еден од најпопуларните спортови на светско ниво, покрај Олимпијадите и Светските првенства во фудбал. Возаците се Светски Звезди. На речиси секој аеродром се пречекувани од голем број фанови, па затоа може да ги сретнеме во реклами за пијалоци, часовници и.т.н. Исто како и Тајгер Вудс, Федерер, Надал.
Разликата е во тоа што во овие спортови знаеме дека тие се Број 1, Најдобрите, подобри од нив нема. Во Ф1 тоа за жал не е така. Мислиме дека Сена, Шумахер, Алонсо, Хамилтон се најдобрите, но да мислиш и дека навистина е тоа така, не е исто. Треба да знаеме со сигурност дека е така.
Вудс лани освоил 14 турнири, а УС Опен го освоил и со повреда на лигаментите на едната нога, па затоа инкасирал 110 милиони долари. Затоа е најголема звезда во овој спорт и најплатениот спортист на светот. До неодамна во тенисот тоа беше Рожер Федерер, но младите звезди како Надал и Мареј, може ќе го спречат да го собори рекордот на Пит Сампрас од 12 Гренд Слем Титули.
Хамилтон моментално е машина за пари на нивно рамниште, што е главна причина што неговиот татко, стана многу вознемирен кога во весниците осамнаа наслови кои го содржат зборот "Лажго", што не е добро за бизнисот нели? Еден момент е доволен да се раскине договор, Ребок на пример. Се слушнаа и гласини за напуштање на Мекларен, со раскинување на договорот поради некоја морална клаузула. Но се ова не е некоја последица на последната афера, колку што се должи на неконкуретноста на овогодинешниот болид на Мекларен. Оваа гласина е невозможно да се оствари бидејќи само Ферари се доволно моќни да ги исполнат барањата на Хамилтон, но и тие се бавни во моментов зарем не :) ?
Со воведувањето на ограничен буџет со кој тимовите ќе располагаат, во иднина платите на возачите драстично ќе се намалат, така да суми како што земаа Шумахер, Сена, Раиконен само ќе се сонуваат, а нели парите го движат светот.
Па затоа некои кулоари во Ф1 заговараат возачите да не се повеќе на товар на тимовите, т.е. на нивниот платен список, туку возачите со Ф1 лиценца да преминат како вработени во ФИА. Таму би примале фиксна плата, плус бонуси за секој освоен поен, да речеме 100.000 е. за еден поен , за победа во трка 1 милион е., а за освојување на титулата дополнителни на пример 10 милиони евра.
Вака не би имало ситуации кога на еден возач му се плаќаат милиони, а тимскиот колега многу, многу помалку заработува, а во некои случаи има подобри резултати од 1-от возач. Исто така не е баш добро, се создава завист меѓу самите возачи, кога на некој анонимус, како во случаите на Дејмон Хил, Вилнев, Хамилтон, влета наеднаш во Ф1 во најдобриот болид, без некоја поткрепа со резултати во Ф1. Многу е повозбудливо кога некој со послаб болид, на пример Шумахер во Бенетон `92-`93, Сена со Лотус, Алонсо со Минарди. Можеби не би имале ситуација кога Шумахер освои 5 последователни титули само затоа што никој не можеше да го победи Ферари, иако со сезоните во Бенетон Шуми докажа дека е најдобриот возач во тоа време.
Кога оваа идеја беше спомната пред неколку години од Макс Мозли, тимовите експресно ја одбија, правдајќи се дека маркетиншки не е изводлива, т.е. моќните тимовите со своите огромни буџети ги ангажираа "најдобрите возачи", што се покажа сето тоа е чиста среќа, а и сега нема неограничени пари за трошење.
Тешката, но не и невозможна работа во сето ова би била логистиката. Со досегашните 10 тима би биле потребни 20 трки, за секој возач двапати да биде во еден тим(10 би биле премалку). Но со зголемување на тимовите би се зголемиле трките, па со 11 би требало 22 т.е. 12тима, 24 трки. Тука би било и стандардизирање на некои делови на болидите, како Кокпитот, за да ги собере возаците како Кубица, но и малите возачи како Хајдфилд да не пропаднат во нив. Исто така и стандардизација на командите во кокпитот.
За привлекување што повеќе публика на трките, во најдобриот тим (тој би се утврдил од тестирањата пред почетокот на сезоната) би возел еден од домашните возачи. На пример во Австралија за Браун ГП би возел Вебер, Батон во Силверстон, Маса во Бразил и.тн. Друга можност е во викендите помегу трките да има ждрепка кој возач за кој тим би возел. Добра популизација за време на викендите во кои нема трки, а секогаш е возбудливо да се гледа некоја ждрепка.
Со оваа предложена ротација ако некој возач би освоил повеќе титули по ред, 5, 6, 7, тогаш со сигурност би се кажало тоа е НАЈДОБРИОТ. На крајот од секоја сезона би можело последно пласираните возачи, 2 или 3 да испаднат и на нивно место дојдат возачи кои за тие места би се натпреварувале во некои квалификациони трки, организирани од ФИА.
Па ако е време нешто да се смени во Ф1, да се направи тоа како што треба. Да нема повеќе просечни возачи кои освојуваат титули со јаки тимови, бидејќи на спонзорите им се по ќеиф.
14 April 2009
Ф1 - РОТАЦИЈА НА ВОЗАЧИТЕ
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
1 comment:
Што мислите за оваа идеја, ваш коментар?
Post a Comment