ГН НА ШПАНИЈА ПОД ПРАШАЛНИК ?!? - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

28 April 2009

ГН НА ШПАНИЈА ПОД ПРАШАЛНИК ?!?


Се побрзиот напредок на свинскиот грип, по се изгледа може да ја доведе во прашање трката во Шпанија. Според календарот, Шпанија ГП е за две недели, а секоја година се одржува во Каталониа т.е околу половина час од центрот на Барцелоне. Каталонија е регион со најмногу сомнителни случаи на овој грип.

Светската здраствена организација, вчера го постави алармот на предупредување на ниво 4, што е последица на постојаното ширење на овој грип, кој доведе и до 150 смртни случаи во Мексико. Се очекува дека ова зголемување може да ги натера владите да воведат ограничувања на патувањата, а прв на удар ќе се најде воздушниот сообраќај кој е најлесен начин на носење и ширење на вирусите. Поради тоа Шпанија ГП може да ја смени датата на одржување.
__________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here