ФЕРАРИ: ПРВИ ПОЕНИ ЗА МАСА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

11 May 2009

ФЕРАРИ: ПРВИ ПОЕНИ ЗА МАСА

.
Уште едно шесто место за Феррари во петтата трка оваа сезона, овој пат овој "подвиг" е по заслуга на Фелипе Маса. Бразилскиот пилот, кој го имаше третото најдобро време во трката, долго се бореше за место меѓу првите четворица, т.е. се додека не беше присилен нагло да намали заради штедење бензин, бидејќи при вториот пит-стоп не бил натанкиран со доволно гориво. Кими Раиконен не ја заврши трката поради проблеми со хидрауликата т.е. педалата за гас.

Фелипе Маса:
"Ова е срамота, да се изгубат две позиции во финишот, ино барем според перформансите сега сме во повисока лига. Знаевме дека не можам да држам чекор со Браун, но бевме кадарни да останеме пред Ред Бул и да не беше проблемот со горивото, јас со сигурност ќе ја задржев својата позиција пред Ветел и Алонсо. Финалнит дел од трката беше очаен. Имав тешка работа со тврдата компонента на гумите и тогаш морав да штедам на гориво, а зад мене го имав Ветел. Тогаш од екипе ми кажаа дека ако сакам да дојдам до целта мора да го пропуштам Ветел и да возам многу споро: Во тој момент ако влезев во Бокс повторно ќе завршев без поени . Нашето темпо со помеките гуми беше прилично добро, иако јсе уште ни недостасуваат неколику десетинки, но барем сме во можност да се бориме за највисоките позиции. "

Кими Раикконен:
"Многу сум разочаран бидејќи можев да ја завршам трката со бодови. За жал, имавме еден проблем со хидрауличната педала за гас, па бев присилен да ја напуштам трката. На почетокот бев во можност да добијам повеќе позиции, но тогаш заглавив зад БМВ-то на Хајдфелд. Болидот ги подобри своите перформанси, но мора да се ослободиме од овие проблеми на издржливост. Сосема е јасно дека кога мора да надокнадувате треба да се избегне правењето грешки кои не би требало да бидат направени, како што ни се случува нам сна почеткот од оваа сезона, но тоа не значи дека тимот го има изгубено победничкиот менталитет: Тоа се истите луѓе кои во последните две године освоија три титули од четири возможни. "
________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here