Во БМв-Заубер најавуваат нов напредок после измените на аеродинамичноста на нивниот болид на неодамнешното Шпанско ГП. Германскиот тим се уште го нема во водечките тимови во оваа сезона, но нивниот шеф Марио Тајсен инсистира дека во Барселона имаше знаци на подобрување после страшната ситуација во првите четири трки.Двојниот дифузер кој не беше дел од пакетот на надградби во Шпанија, ќе биде воведен во нивните болиди за време на Турското ГП.
"Да бидам искрен, јас со нетрпение го очекувам Истанбул", рекол Ник Хајдфелд, кој го прослави неговиот роденден освојувајќи два поени во Шпанија. "Во Турција ќе имаме нов пакет надградби на аеродинамиката на нашиот болид. Се надевам дека во иднина ќе освојуваме многу повеќе поени", додал Германецот.
Исто така во Истанбул во БМВ планираат да го воведат повторно КЕРС-от, после поминати две трки без него, во Барселона како и наредниот викенд во Монако. КЕРС-от кој планираат да го користат од Турција нема ни малку да биде сличен на претходниот, истакнуваат од БМВ.
________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment