Џенсон Батон:
"Денес имавме многу тесна борба, целиот викенд се натпреварував со Рубенс и тој дефинитивно имаше подобра позиција. Мекларен, Ферари, Ред Бул, сите беа во игра, ова е еден забавен викенд до сега. Квалификациите беа изворедни, манијачки, но одлично што од таа борба излегов со Пол Позиција. Тоа однадвор можеби изгледаше како лесно освоена Пол Позиција. Болидот многу се промени од П1 во четвртокот кога не знаев каде сум, ано сите дадовме се од себе и резултот од тоа се гледа, големо задоволство е да се вози овогодишниот болид. "
Јарно Трули:
"Цел викенд немаме задоволувачко темпо, иако давав се од себе за што подобар резултат. Нo мислам дека ќе успеев да се квалификувам во Q2, но во последните две кривини наидов на бавно Рено, кое ме блокираше и така што го загубив мојот најбрз круг, па тоа беше тоа. Поднесовме пријавa против Рено, и сигурен сум дека ќе преземат стјуардите некаква акција."
Луис Хамилтон:
"Мојот викенд со сигурност е уништен, немам шанси за да направам нешто повеќе. Не знам што си мислев. Тоа е моја грешка. Имав изгледни шанси за добар викенд. Им се извинив во тимот за мојата грешка, а добро е тоа што на Хејки му оди добро. Тој е во добра позиција. Му посакувам се најдобро. Утре ќе се обидам да направам се што можам за да се извадам за денес. Ќе биде многу тешко, но човек се учи на грешките и тие се случуваат понекогаш. За несреќа таа се случи уште во првата сесија, но тоа е она што ве прави поцврст. "
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
23 May 2009
МОНАКО ГП: ИЗЈАВИ ПО КВАЛИФИКАЦИИТЕ
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment