Претседателот на Ферари Лука ди Монтеземоло изјави: Тимови ќе формираат заеднички фронт во своите разговори со претседателот на ФИА Макс Мозли како би разговарале за иднината на Формула 1.
После неколкучасовните разговори помеѓу директорите на тимовите кои се одржаа на јахтата од Флавио Бриаторе (Force Blue), ди Монтеземоло рече дека позитивното е што тимовите донесоа "конструктивни" заклучоци.
"Како и секогаш имавме многу добар состанок, со многу добра атмосфера и сите сме заедно", рече ди Монтеземоло. Ние сме сите заедно, и ќе бидеме во состојба да отидеме на состанокот со претседателот на ФИА и да бидеме многу конструктивни и со многу јаснен став за позиците на ФОТА."
На прашањето дали е оптимист дека би можело да биде постигнат договор, со што би се спречил "штрајкот" на водечките тимови, ди Монтеземоло рече: "Ќе видиме. Важно е дека нашиот став за иднината на Ф1 е апсолутно заеднички."
_________________________________________________________________________________________________________________________________________
22 May 2009
ТИМОВИТЕ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ПРЕД ФИА
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment