Во соопштението на ФОТА се зборува за условни пријави: Што значи тоа?
Стефано Доменикали: Тоа е многу едноставно. Девет тимови (Членството на Вилијамс е суспендирано) што моментално се членови на ФОТА, поднесоа пријави за првенството во 2010 кои ќе бидат важечки само ако Конкорд договорот биде потпишан, а правилата бидат оние кои се моментално во употреба, но модифицирани во согласност со предлозите на ФОТА. Ова превземено дејствие е во потполност во склад со принципите на Ферари, како што е наведено на состанокот на Главниот одбор од 12 Мај, како и со принципите на ФОТА.
Што ќе се случи ако тие услови не бидат исполнети?
СД: И пак, одговорот е едноставен: Пријавите од овие девет тимови ќе бидат неважечки.
Зошто постои рок до 12 Јуни?
СД: Бидејќи тоа е датумот кога ФИА мора да го објави списокот на тимови за првенството во 2010 ние сакаме дотогаш се да се реши.
Дали одлуката да се пријавите условно имплицира можност за прифаќање на ограничениот буџет?
СД: Апсолутно не. Барањето, овогодинешните правила да бидат почетна точка, значи дека нема да има ограничен буџет.
Тогаш какви се плановите за смалување на трошоците?
СД: Тоа би се направило со воведување на само-регулачка процедура внатре во ФОТА, така да самата организација и тимовите ќе го спроведат мониторингот. Ние знаеме точно што треба да се направи и можеме тоа да го направиме самите, како што може да се види од она што е постигнато до сега. Всушност, тоа е она што се случува изминативе години со тестирањата, каде тимовите постигнаа договор меѓу себе за мониторинг на истите и тоа функционира многу добро.
Може ли да кажете подетално за тоа како ќе се намалат трошоците?
СД: Пред се, наша почетна точка е веќе донесената одлука во ФОТА, да ставиме на располагање за независните тимови пакет од мотор и менувач по цени од 6,5 милиони евра за цела сезона. Потоа, дополнителни намалувања се дефинирани во областа на аеродинамиката, со ограничувања на времето за развој, на пример, ограничување на бројот на различни крила кои би се користеле за време на една сезона.
На тој начин го одржуваме технолошкиот натпревар, но не во недоглед, така да тоа има благотворно дејство на трошоците. Тие би се намалиле и со преструктурање на тимовите за време на тркачките викенди, на пример, ако нема долевање гориво за време на трката. Постојат и многу други точки, но засега ние не сакаме да влегуваме подлабоко со деталите, со оглед на тоа што се разгледуваат од страна на ФИА.
Со овој систем, ќе биде ли можно новите тимови да влезат во Формули 1?
СД: Да, бидејќи значителното намалување на трошоците кое ќе следи, значи дека ќе бидат во можност да учествуват и бидат доволно конкурентни во оваа врвна дисциплина на мото спортот.
Во теков на изминативе неколку недели имаше разговори помеѓу Ферари и ФОТА за цврсти правила на раководење со овој спорт, и одредена стабилност како услов за постигнување договор. Како би функционирало тоа во пракса?
СД: Потпишувањето на Конкорд договоротот ќе биде потврда на вообичаените дејствиа со кои се донесуваа правила во Формула 1 во изминативе неколку години (Ова се односува на Регулаторната Комисија како единствено тело каде се носат павилата) и истовремено тимовите правно се обврзуваат да останат во Ф1, барем до 2012 година.
Дали оваа загриженост на ФИА во последните неколико месеци е оправдана?
СД: Да, мислим дека е оправдана. ФИА сака да се намалат трошоците заради следниве две причини: да не се дозволи веќе никој од постојните тимови да ја напушти Ф1 и како би се направиле услови за евентуален влез на нови тимови. Со постигнувањето договор и двете причини може да бидат задоволени: трошоците ќе бидат значително намалени, а во исто време, моменталните имови добро ќе размислат пред да донесат одлука за напуштање на овој спорт.
Ако овие барања бидат исполнети до 12 Јуни, може ли да се каже ФОТА ја доби оваа битка?
СД: Ако се случи тоа, а јас навистина се надевам на тоа, јас порадо би рекол дека Формула 1 е победник: ќе ги задржи нејзините главни карактеристики, технолошки и спортски натпревар, и ќе биде обезбедена со стабилност на правилата и долгорочна обврзаност на учесниците. Тоа е она што ФОТА одсекогаш го сакала: да работи заедно со ФИА и носителот на Комерцијалните права за здрава и просперитетна Формула 1.
__________________________________________________________________________________________________________________________________________
31 May 2009
ИНТЕРВЈУ СО СТЕФАНО ДОМЕНИКАЛИ
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment