Тимовите на ФОТА остануваат во потполност посветени на изнаоѓање решение за нивниот спор со ФИА за иднината на овој спорт, иако Макс Мозли им предложи дека треба да си заминат од Ф1 и си направат сопствена серија.
9-те тима, членови на ФОТА се уште чекаат одговор од ФИА за поставените услови за нивни влез за натпреварување во идната сезона. Иако тимовите се уште немаат службен одговор од ФИА , Мозли преку медиумите им предложи на тимовите од ФОТА ако не се задоволни со предложените правила треба да си формираат сопствено првенство.
Но, Марио Тајсен во Турција изјавил дека ФОТА повеќе ја интересира договор со ФИА отколку правење на сопствена серија.
"Навистина се обрзавме да пронајдеме решение заедно со ФИА, заедно да одиме напред. Тоа е се што сакам да кажам во овој момент. Како што реков после состанокот во Монако дека се наоѓаме во тешка ситуација т.е. критична, тоа исто важи и денес. Кога го држевме состанокот с Макс во Монако, тој ни предложи да составиме условни пријави."
______________________________________________________________________________________________________________________________________
04 June 2009
ФИА: АКО НЕ САКАТЕ ВО Ф1, НАПРАВЕТЕ СИ ВАШЕ ПРВЕНСТВО
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment