
Претседателот на Ферари Лука Ди Монтеземоло изјави дека наскоро ќе се префрлат кон развојот на болидот за 2010 год., ако наскоро Ф60 не докаже дека може да се натпреварува со болидите на Браун ГП и Ред Бул.
Фелипе Маса и Кими Раиконен до сега имаат само еден подиум , а со тоа шансите за освојување на некоја титула се многу мали, речиси невозможни. Тоа е причината зошто Ди Монтеземоло ќе предложи тимот наскоро да почне да ги насочува своите ресурси кон болидот за 2010 година. При тоа како главна причина за овогодинешниот неуспех повторно го обвини неизвесниот почеток на сезоната кога правилата за двојните дифузери не беа разјаснети до крај.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment