Возачи:
Џенсон Батон минатиот викенд во Монако го имаше 21 пласман на подиум. Тој е сега само еден подиум зад Луис Хамилтон кој е најблискиот активен британски возач со најмногу пласмани на подиум. Овој рекорд од пласмани на подиум од британските возачи го држи Дејвид Култхард, кој има 62 - последниот беше во лани во Канада.
После третото место во Монако, Кими Раиконен е на чекор од седмото место на листата за пласмани на подиум, кое моментално го зазема Најџел Менсел со 59. Рекордер на оваа листа со 154 пласмани е кој друг ако не Михаел Шумахер.
После шест од 17 трки Формула 1 е на третина од 2009 сезоната.
• Фернандо Алонсо има освоено два бода повеќе него во првите шест трки од сезоната 2008, со што ова е негов трет најлош старт на сезона од неговото деби со Минарди во 2001.
• Рубенс Баричело го има по вториот најдобриот старт на сезона, освојувајќи 35 бода во првите шест трки. Првиот му е во 2004, со Ферари со 38.
• Џенсон Батон ја вози неговата најдобра сезона до сега со 51 бода, последната му беше со 32 бода во 2004.
• Роберт Кубица по прв пат во својата кариера нема освоени ни еден бод во првите шест трки.
• Нелсон Пике ЈР не освојува поени во првите шест трки и во двете свои сезони во Ф1 до сега.
• Кими Раиконен го има својот најлош старт од 2004, кога имаше само еден бод од шест трки, кога не заврши 4 трки.
• Себастиан Ветел има освоено 6 пати повеќе бодови од колку во првите шест трки лани, т.е. од 4 на 23.
• Марк Вебер го има најдобриот старт во неговата кариера со19,5 бодова од шест трки. Неговиот претходен најдобар старт беше во 2005 со 18 бода.
СТАТИСТИКА ЗА ТУРЦИЈА:
• Фелипе Маса е крал на Турското ГП, кој ги освои последните три трки, а на секоја од нив стартуваше од Пол Позиција. Тој е единствениот активен возач кој има три победи на иста стаза по ред, заедно со Кими Раиконен кој има први места во Спа во 2004, 2005 и 2007 (немаше ГП Белгија во 2006). Маса има шанси со победа да стане само петти возач во историјата со освоени четири последователни победи на иста стаза. Останатите се Хуан Мануел Фанџо,Џим Кларк, Аиртон Сена и неизбежниот Михаел Шумахер.
• Кими Раиконен победи на првата трка во Турција со Мекларен во 2005. Беше на Подиумот во 2007 и 2008, но има само една Пол позиција на оваа стаза и тоа во 2005.
• Роберт Кубица со секоја година има подобар пласман во Истанбул и тоа 2006 беше12-ти, 8 во 2007 и 4-ти минатата сезона. Последните две години стартуваше од 5-тата стартна позиција.
• Фернандо Алонсо е единствениот возач кој секогаш завршувал во бодови во Турција, вклучувајќи ги тука и пласманите на подиумот во 2005 и 2007.
• Рубенс Баричело својот најдобар резултат во Истанбул го имаше 2006 при тоа освојувајќи го 8-то место. Нема пласман во Топ 10 во Квалификациите до сега.
Турското ГП до сега го освојувал возачот што стартувал од Пол Позицијата, но никогаш до сега победникот не забележал и Најбрз Круг на трката.
Тимови:
Торо Росо нема пласман во првите 10 во Истанбул, нивниот најдобар резултат им е 13 место на Скот Спид во 2006.
Тојота во Турција последен пат освоила бодови во 2006 со 7-то место на Ралф Шумахер.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
05 June 2009
2009 ТУРЦИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР,
Tags
# СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
About MkFormula1
СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
Labels:
СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment