Фелипе Масса: Поблемите на Ферари? Тоа не е вина на КЕРС-от - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

02 June 2009

Фелипе Масса: Поблемите на Ферари? Тоа не е вина на КЕРС-от


Фелипе Маса не верува дека Керс-от е една од причините за лошата форма на Ферари годинава. Овој нов систем на реискористување на кинетичката енергија беше во фокусот на вниманието во текот на целата зима, а екипите кои го користат немаат победено ни една трка до сега. Оваа сезона КЕРС користат БМВ, Рено и Мекларен во своите болиди, но само тимот од Англија континуирано го користи.

Во БМВ работат на апдејтирана верзија на КЕРС-от која ќе биде промовирана во текот на сезоната, додека во Рено на неколку трки не го користеа.

Се верува дека за разлика од конкурентните болиди оваа сезона, како што се Браун ГП, Ред Бул, во Ферари, Мекларен и БМВ изгубиле драгоцено време развивајќи го КЕРС-от кое можело да биде искористено на развојот на болидот. Како потврда на ова може да се наведе непостојаноста на болидот на Ферари.

Но, Фелипе Маса, не верува дека фокусот кон КЕРС системот е грешка на тимот од Маранело. "Баш како и БМВ, Мекларен и Рено, сакавме да ја имаме предноста на оваа нова техничка иновација. Ќе беше непријатно ако некој тим имаше успех со КЕРС, а ние останевме без овој систем. Значи, бевме приморани да се фокусираме на КЕРС-от. Сега сме најдобриот болид со КЕРС. Но за жал, Браун ГП се моќни и без овој систем ."
__________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here