Формула 1 се наоѓа пред она што би можело да се нарече како најсудбоносните дни во последните години од овој спорт, со оглед на тоа што денес предпладне ФИА треба да ја објави листата на натпреварувачи за првенството во 2010.
Последните разговори кои финишираа доцна синоќа не донесоа некакво решение, па сега сите со нетрпение ќе го очекуваме овој список, со цел да видиме колку од моменталните Ф1 тимови ќе се најдат на него, т.е. дали во него има место за Ферари, Рено, Тојота...
При вакви одлуки, во ова време веќе протекуваа информации што ќе се случи, но сега само од ФИА знаат што ќе следи. Сигурно е дека на него ќе бидат Вилијамс и Форс Индиа, па со новопријавените тимови, недостигаат уште 3 да биде пополнет лимитот.
Покрај повеќето можни сценарија, најреално за очекување е дека ФИА ќе ги стави на овој список сите пријавени тимови (условно и безусловно), и ќе бара да се најде решение за условно пријавените.
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________
12 June 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment