Возачите на страна на ФОТА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

17 June 2009

Возачите на страна на ФОТА

ФОТА го засилува притисокот врз ФИА. Со изјави за подршка на паралелен шампионат се јавија и возачите, прво Вебер, подоцна и Маса:

Вебер со изјава за BBC:
"Сите возачи го имаат истиот став. Сакаме да возиме за најдобрите тимови и да се тркаме против најдобрите возачи. Ако тоа не е во ФИА Формула 1 Шампионатот, па што. Тоа пак ќе биде најпрестижното првенство.

"Ферари е најважен. Секој сака да го победи, нив и Мекларен. Тоа се неверојатни тимови и големи идоли, кои многу години се бореа како би биле во таа положба, тие го имаат нашиот респект и ние сакаме да се натпреваруваме со нив и да ги победуваме.

Маса во изјава на официјалниот сајт на Ферари вели:
Можеби е дојдено време да се искористи единството на членовите на ФОТА и да се направи друг шампионат. Наместо да се концентрираме на трките и сетапот на болидот, ние се повеќе водиме политика, со несигурна иднина за сите нас. Би сакал да се постигне договор со ФИА, но мора да ја разгледаме и другата можна опција- Нов Шампионат во кој би се натпреварувале.
__________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here