Потпретседателот на ФОТА, John Howett, изјави дека е задоволен што ФИА ги усвоила предложените мерки од оваа организација за иднината на овој спорт, со тоа елиминирајќи ја опасноста од создавање паралелно првенство.
Howett, претседателот на Тојота беше главен играч во преговорите меѓу ФОТА и ФИА за иднината на Ф1.
"Задоволен сум што денес предлозите на ФОТА беа подржани и одобрени од Советот за Мотоспорт на ФИА. Ова е добра основа за напредок на Ф1 врз основа стабилно и совесно управување и ова е многу добра вест за многубројните Ф1 акционери. Поминавме низ еден турбулентен период, но благодарејќи на единството на ФОТА тимовите и предвидувањата на членовите на Советот за Мото Спорт, го постигнавме вистинското нешто за Ф1. Се надеваме на добра соработка со ФИА како би се постигнала просперитетна иднина и возбудлива Формула 1."
ФОТА се состанува утре во Болоња да се финализираат прописите по кои ќе се врши постепено намалувањето на трошоците.
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
24 June 2009
Потпредседателот на ФОТА задоволен од направениот компромис
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment