ФЕРАРИ

Болидите на овој тим за разлика од минатата трка имаа позначителни надградби и тоа:
- полесна шасија
- предната осовина е поместена назад како би се подобрил балансот на болидот
- неколку додатоци за подобрување на аеродинамиката на предниот и заден спојлер
- подобрена предната амортизација
- КЕРС им беше во употреба
МЕКЛАРЕН

Уште еден очаен викенд за тимот, во кој Хамилтон за прв пат возеше без Керс, но тоа немаше влијание врз резултатите:
- мали козметички зафати во аеродинамиката
- Хамилтон проба да вози без КЕРС
- најзначајна промена на оваа трка беше комплетно новиот поден спојлер
БМВ

Оваа сезона за нив е катастрофа, никако да погодат нешто со надградбите:
- потврдија дека го исфрлија од употреба КЕРС-от
- мали аеродинамички зафати на предниот дел од болидот
- во иднина ќе се концентрираат само на подобрување на аеродинамиката
РЕД БУЛ

Ова беше тимот со најголеми надградби за оваа трка, и сите беа на место што им донесе одличен резултат. Може да се каже дека го достигнаа нивото на Браун ГП. Болидот речиси целиот беше ревидиран. Нивната сила е во брзите кривини, каде аеродинамиката има најголема улога, а слабата точка им е трошењето на гумите, но поладното време им ја намали таа мана.
- ревидиран преден и заден дел на болидот
- оските на тркалата се поместени наназад за подобар баланс
- тркалата се поместени поблиску до шасијата
- поширок нос на болидот
- комплетно нов двоен дифузер (зголемен до максимумот од 1000мм)
- нов поклопец на моторот
- задниот спојлер е поткренат во висина
ВИЛИЈАМС

Оваа трка немаа некои позначајни надградби:
- нови странични спојлери
ФОРС ИНДИЈА

На оваа трка преставија нов преден спојлер, кој е направен во стилот на Браун ГП:
- нов преден спојлер
БРАУН ГП
Немаа некои позначајни промени на болидот, ладното време им задаваше големи главоболки со загравањето на гумите:
- мали зафати на предниот спојлер за подобрена аеродинамика
No comments:
Post a Comment