Бугарија деновиве е во офанзива за да обезбеди сигурно место во календарот на Формула 1 за 2011. Оваа недела што ни претстои официјални лица ќе се состанат со Берни Екелстон во Герамнија.
Претседателот на Бугарската АвтоМотоСпорт Федерација, Богдан Николов во изјава за Ројтерс вели дека Шефот на Организацискиот одбор е поканет на Германското Гранд При каде ќе ги објасни неговите планови за Формула 1 трка во Бугарија пред Берни Екелстон.
"Ние веќе го пративме нашиот план пред неколку месеци и тој беше разгледан од Раководството на Формула 1. Според овој план, Бугарија би потпишала договор за организација на една трка од Формуле 1, од 2011 до 2015 со опција овој договор да биде продолжен до 2020."
Николов, изјавил дека стазата која допрва треба да се изгради, најверојатно ќе се наоѓа во близина на градот Плевен.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
02 July 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment