Лекари изјавиле дека е прерано да се каже дали Фелипе Маса после инцидентот во саботните квалификации ќе може да им се врати на Ф1 трките, поради повредите на левото око. Маса се наоѓа во АЕК болницата каде заздравува од фрактура на черепот и потрес на мозокот, настанати од ударот во лице од дел на болидот на Браун ГП.
Во Унгарските локални медиуми се цитира професор Роберт Вереш од Будимпешта кој рекол дека повредата на окото може да ја доведе во прашање Ф1 кариерата на Масса.
Нова прес конференција во АЕК болницата во Будимпешта е закажана за вечерва. Федерот го удрил Маса над неговото лево око, ја пробил неговата кацига и предизвикал фрактура на черепот. Лекарите исто така потврдија дека операцијата која му беше направена во саботата му го спасила животот на Маса.
Денес во посета на Маса е претседателот на Ферари Лука ди Монтеземоло.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
27 July 2009
КАРИЕРАТА НА МАСА КАКО Ф1 ВОЗАЧ ДОВЕДЕНА ВО ПРАШАЊЕ?!?!?
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment