
ВОЗАЧИ:
• Луис Хамилтон има победено на Германското Гранд При еднаш и тоа стартувајќи од Пол Позицијата. Нирбургринг не му е во добро сеќавање во 2007, кога имаше судир во квалификациите и заврши девети на трката.
• Фелипе Маса има два Подиуми на последните две Германски ГП-а , како и на трката одржана во Нирбургринг во 2007. Пред тоа, негов најдобар резултат беше седмо место во својата дебитантска година, 2002.
• Ник Хајдфелд својот најдобар резултат на својата домашна трка го имаше минатата година со освоеното 4-то место (и најбрзиот круг во трката) во неговиот осми настап. Најпласман во квалификациите му е 7-то место постигнато во два наврати, 2001 и 2005. Единствената Пол Позиција на Ник ја има на Нирбургринг во 2005, кога возеше за Вилијамс.
• Нелсињо Пике минатата година го освои 2-то место во својот деби настап на Германското Гранд При, трка која ја започна од 17-тата стартна позиција. Воедно тоа е неговиот ПРВ и сега засега единствен Пласман на Подиум.
• Марк Вебер има пласман во бодови само еднаш од 6 трки на Германското ГП и тоа освојувајќи го 6 место. Тоа е единствениот пат кога ја поминал целта, во сите други трки се откажувал (но во 2003 има пласман на 11 место,иако се изврте и ја заврши трката неколку круга до финишот).
• Рубенс Баричело својата прва Победа ја има во Хокенхајм во 2000 што е и највисоик пласман на Бразилецот на Германското Гранд При, слично на Вебер, не завршил 9 од 15 трки, шест од нив поради механички дефекти. Неговиот последен пласман во бодови е во 2002, со 4-то место, од тогаш бил 12-ти, 10-ти и три откажувања.
ТИМОВИ:
• Ферари има 19 Победи на Германското ГП, најдобар резултат од било кој друг тим. Во последните десет Германски ГП-а, Ферари нема пласман на Подиум само во 1998, 2003 и 2005.
• Мекларен ги завршил на Подиумот и ги започнал од Пол Позицијата последните 3 Германски ГП-а. Беа Победници минатата година.
• Последен пласман во бодови на болидите на Вилијамс, е во 2004г. кога Хуан Пабло Монтоја беше 5-ти.
• Последен пат кога болид на Рено се пласирал на првиот стартен ред на Германското Гранд При е во далечната 1982, со 2-та стартна позиција на Алан Прост. Имаат 4-ри подиуми на последните 5 Германски ГП-а, со Победа во 2005. Ја пропуштија трката во 2006, кога нивниот 'mass damper' беше прогласен за нелегален, и беа дискфалификовани.
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment