
ВОЗАЧИ:
• Луис Хамилтон има освоено две Пол Позиции во двете учества на Хунгароринг, притоа во 2007 беше Победник, а лани заврши 5-ти поради дупната предна гума во моментите кога беше на 2 позиција.
• Хејки Ковалаинен својата прва и единствена Победа во Ф1 ја забележа лани во Унгарија, кога голема помош имаше од откажувањата на Фелипе Маса и Луис Хамилтон.
• Фелипе Маса, може да се каже дека хунгароринг не му е баш наклонет,2008 водеше 60 од 70 круга кога му откажа моторот, 2007 имаше проблеми со горивото во квалификациите, па стартуваше од 17 позиција, заврши на 13-тото место. Најдобар пласман му е 7 место во 2002 и 2006 година. Имаше механички проблеми во 2005 и 2004
• Кими Раиконен има победа на Хунгароринг во 2005 година, и има 4 пласмани на Подиум од 8 старта.
• Роберт Кубица дебитираше во Формула 1 на оваа патека во 2006 г. и заврши на 7-то место но беше дисквалификуван по трката, поради помала тежина на болидот од дозволената.
• Фернандо Алонсо својата деби Победа ја има на оваа патека во 2003 година, но од тогаш нема пласман на Подиум.
• Тимо Глок на Хунгароринг лани го имаше својот прв пласман на Подиум и тоа 2 место.
• Џенсон Батон исто така ја има својата прва Победа во Ф1 овде во Унгарија, во 2006 година, што е единствен пласман на Подиум од 9 обиди.
ТИМОВИ:
• Ферари нема Победено на Хунгароринг од 2004 г. Лани ја имаше најдобрата шанса да ја прекине оваа низа, но болидот на Маса откажа три круга пред крајот
• Мекларен е најуспешниот тим на оваа патека со 8 Победи, следи Вилијамс со 7, Ферари со 5.
• Тимот на Тојота овде го има својот најдобар пласман со минатогодишното 2-ро место на Тимо Глок.
• Вилијамс овде има 7 Победи, но од 2005 година има само еден пласман во бодови и тоа 7-то место на Нико Розберг, во 2007г.
Хунгароринг се одликува по тоа што не е едноставно да се победи неколку трки по ред, што докажува и фактот дека има 14 Победници во 23 трки, и последните 7 трки имале различен Победник.
Како што се забележува од горенаведената статистика Хунгароринг е стаза на Деби Победи во Формула 1: Дејмон Хил(1993), Фернандо Алонсо(2003), Џенсон Батон(2006), Хејки Ковалаинен(2008)
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment