2009 ХУНГАРОРИНГ: МАСА СТАБИЛЕН, МОЖНОСТ ДА ЈА ВОЗИ ТРКАТА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

25 July 2009

2009 ХУНГАРОРИНГ: МАСА СТАБИЛЕН, МОЖНОСТ ДА ЈА ВОЗИ ТРКАТА

Фелипе Маса беше префрлен до најблиската болница во 'стабилна' состојба несреќата што ја имаше за време на квалификациите за Унгарското Гранд При.

Маса беше погоден од остатоци на болидот на својот сонародник Рубенс Баричело пред влезот на Кривината бр. 4, при што излета и имаше фронтален судир со бариерите од гуми покрај стазата.

Маса со помош на медицинските екипи беше отстранет од болидот и однесен до медицинскиот центар на стазата, а по дадената прва помош е однесен на понатамошни прегледи. Телевизиските снимки покажаа дека тој е свесен после несреќата. Ако медицинските тестови покажат дека е се во ред, тој ќе стартува утре на трката од 10-тата позиција.

UPDATE: Маса нема да вози на утрешната трка, има потрес на мозокот и неколку конци на челото, и се наоѓа на интензивна нега како мерка претпазливост.
_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here