Поранешниот светски рели првак Ари Ватанен потврди дека ќе се кандидатира за Претседател на ФИА на Октомвриските избори.
"Одговарајќи на барањата на многубројните авто-мото асоцијации членки на ФИА, јас решив да се кадидатирам на претседателските избори во ФИА, во Октомври оваа година", изјавил Ватанен. Мислам дека е време за промени. Мој главен фокус ќе биде помирувањето внатре во ФИА, транспарентност во работата. Должност на претседателот е да се заштитат милијардите автомобилисти и авто-мото спортот."
Ватанен ја донел оваа одлука како последица на неизвесноста за тоа дали моменталниот Претседател Макс Мозли ќе се номинира повторно за оваа функција или нема да го направи тоа.
Од ФОТА сакаат Мозли да замине, па затоа со носителот на Ф1 комерцијалните права, ЦВЦ се обидуваат да постигнат договор со кој ќе се гарантира заминувањето на Макс Мозли, како би се осигурала иднината на Ф1.
Следен чекор на Ватанен сега треба да биде доставување на список од 22 члена кои ќе пополнат одредени места во структурата на ФИА, ако тој биде избран.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
10 July 2009
ВАТАНЕН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИА
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment