ФЛЕШ ВЕСТИ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

13 July 2009

ФЛЕШ ВЕСТИ

После гласините дека е оставен на страна, Берни Екелстон изјави дека тој е тука и не си оди од Ф1 и изјави дека ќе го реши спорот за иднината на овој спорт во следните 48 часа. Тој нагласи дека ќе одигра централна улога при склучување на новиот Конкорд договор, кој ќе биде потпишан следниов викенд и кој би требало најпосле да ги заврши шпекулациите за паралелно првенство.
________________________________

Многубројните шпекулации за несигурната иднината на Бурде во Формула 1, после разочарувачкиот викенд во Германија, од тимот на Торо Росо се очекува во следните 48 часа да одлучат дали неговото место ќе му го предадат на Jaime Alguersuari, кој ако ја добие својата шанса за време на Гранд При-то ви Унгарија, ќе биде најмладиот дебитант во Ф1. Тој своето деби ќе го има со 19 години и 125 дена, претходниот рекорд го држеше Mike Thackwell со 19г. 182д. возејќи за Тајрел, во Канада 1980(овој рекорд некои не го сметаат за реален бидејќи бил дисквалификувам при 1-от круг), веднаш зад него е Ricardo Rodriguez, кој своето деби го имаше за Ферари на Италијанското ГП во 1961г. со 19г. 208д.
______________________________________

Во Ферари сметаат дека е прашање на време кога ќе објават дека го "замрзнуваат" развојот на Ф60 и својот фокус, како и повеќето ресурси со кои располагаат, ќе ги префрлат на развојот на болидот за 2010.

"Ние веќе започнавме по малку да работиме на новиот проект, а во следните неколку недели најверојатно целосно ќе му се посветиме на новиот проект се со цел да бидеме сигурни дека нема да изгубиме драгоцено време. Знаеме дека следната сезона ќе биде критична, па сакаме дефинитивно да ја започнеме со поинакво темпо во однос на оваа година. Па можеби е прашање на денови а не недели. "-изјави Стефано Доменикали.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here