
Рубенс Баричело вели дека му поминала лутината која еруптираше на крајот од Германското Гранд При, откако сватил дека неговиот тим не му ги уништил шансите за победа.
"Бев многу изнервиран, но лутината ми помина",напишал Баричело на својот Твитер. "Јас не би победил на трката бидејќи Ред Булите беа половина секунда побрзи по круг, но третото место ќе беше мое, ако не беа проблемите во боксот."
Баричело на своите обожаватели јасно им стави на знаење дека ќе продолжи со борбата за титулата.
"Јас не се откажувам се додека имам шансе за титулата. Тоа ви го ветувам. Беше тоа лош викенд, но тоа е веќе минато."
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment