НАЈГОЛЕМА ШАНСА ЗА ПОБЕДА НА ФЕРАРИ Е УНГАРИЈА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

22 July 2009

НАЈГОЛЕМА ШАНСА ЗА ПОБЕДА НА ФЕРАРИ Е УНГАРИЈА

.
Кими Раиконен мисли дека Унгарското Гранд При е трката каде Ферари има најдобри е реални шанси за победа. Монте Карло беше најконкурентната трка оваа година за овој тим, до сега, а таа е многу слична со Хунгароринг, па би требало подеднакво добро да му одговара на Ферари.

"Оваа трка ќе биде најслична на таа во Монако. Оваа година освоивме место на Победничкиот Подиум во Монако и тоа е нашата цел и во Будимпешта. Ние бевме во можност да се бориме за Пол Позицијата се до последниот момент, и мислим дека ако ја освоевме, трката ќе отидеше во сосема друг правец. "

Но Кими признава дека сите тимови имаат воведено многу надградби од Монако, па можеби тогашните перформансите нема да бидат релевантни и за овој викенд. Ќе се обидеме да го повториме овој успех повторно во Унгарија, но тоа ќе биде тешко. Ќе имаме жестока конкуренција. Подобра слика за нашите можности ќе добиеме во петок наутро веднаш после првиот слободен тренинг."

Стефано Доменикали пред извесно време изјави дека Ферари размислува да ги префрли сите свои ресурси за развој на болидот за 2010 "во следните неколку недели", а Раиконен признава дека не би сакал да има реприза на оваа 2009 Ф1 сезона.

"Ни работиме на тоа како да ја неутрализираме предноста што на почетокот д сезоната ја имаа сега водечките тимови на Браун ГП и Ред Бул, но секако и сите останати тимови ги унапредија болидите. Покрај тоа фактот што оваа година не можеме да тестираме во текот на првенството нашата работа ја прави уште потешка. Како ќе се одвива вториот дел од сезонава најмногу ќе зависи од одлуката како да се користат ресурсите што Ферари ги поседува, бидејќи работата на болидот за следната година е во полн ек."

__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here