ТИМОТ НА ВИЛИЈАМС СО ЗАБРАНА ВО УНГАРИЈА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

24 July 2009

ТИМОТ НА ВИЛИЈАМС СО ЗАБРАНА ВО УНГАРИЈА

Тимот на Вилијамс пред почетокот на Унгарското ГП беше даден на локален суд во врска правата за дистрибуирање на облека со брендот Вилијамс. Некоја локална фирма ги имала ексклузивните права за користење на тоа име за било кој текстилен производ во таа земја.

Фамилијарна фирма под името "Вилијамс" со седиште Vecses, мало градче сместено јужно од Будимпешта, го регистрирала името Вилијамс како заштитен знак уште пред Унгарија да стане членка на Европската Унија во 2004.

Во донесената судска одлука му се забранува на тимот на Вилијамс да дистрибуират свои производи во Унгарија.

Унгарската Царина и Финансиската Полиција (ВПОП) веќе им забраниле на сите локални продавници да продаваат облека од тимот на Вилијамс, а некои извештаи сугерираат дека оваа забрана би можела да се имплементира и во кругот на патеката Хунгароринг.
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here