ДИНО АЛТМАН: МАСА ЌЕ СЕ ТРКА ПОВТОРНО - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

29 July 2009

ДИНО АЛТМАН: МАСА ЌЕ СЕ ТРКА ПОВТОРНО

Дино Алтман, Личниот лекар на Фелипе Маса,изјави дека е сигурен оти Фелипе ќе може да се трка повторно. Алтман, вели дека траумата што ја претрпе Бразилецот не е толку лоша како што првично се претпоставуваше, и дека неговата состојба забрзано се подобрува.

"Немам сомнежи дека Фелипе ќе се трка пак," рекол за Газета дела Спорт. "Сигурен сум за тоа. Ситуацијата е деликатна, но верувам дека неговиот живот повеќе не е во опасност. Од почетокот верував, чуствував дека траумата не е толку сериозна како што се веруваше, но подобрувањата во последно неколку часа се многу над нашите очекувања. При вежбите со физиотерапевтот, Фелипе покажа дека знае за лево и десно и тој има свесен за одалеченост и длабочина, а неговата амнезија е само за краток период. Внимателно му го отворивме повреденото око, поради тоа што уште е отечено, и тој рече дека може да гледа. Неговиот вид не е ослабен. Даваше одговори на три јазици: португалски, италијански и англиски. Тоа значи дека когнитивното подрачје на неговиот мозок е во ред."

Од Ферари потврдуваат дека Маса ќе биде преместен од интензивна нега денес, а шефот на тимот Стефано Доменикали изјави дека неговото заздравување е импресивано.

"Тоа е феноменално подобрување. Само три дена по ужасната несреќа тој направи значителен напредок. Тој ме препозна, јас го поздравив и му ги пренесов "топлината и подршката" од членовите на тимот и неговите навивачаи. Тој ми одговори на италијански, откако што со својата фамилија разговараше на португалски. Ми рече дека не може да се сети што се случи во саботата, тоа е добра работа. Резултатите се охрабрувачки, но во овие ситуации е подобро да се биде разумен и да напредуваме чекор по чекор. Посакуваме да заздрави што побргу. Му кажав дека го очекуваме што побргу назад, и дека неговиот болид, и чим биде спремен да се врати тој ќе го чека. "
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here