Михаел Шумахер почна со припреми за неговиот кам-бек во Формула 1. Седумкратниот светски шампион ќе го замени Фелипе Маса во Валенсија.Шумахер вчера пристигнал во фабриката на Ферари која се наоѓа во Маранело, каде имал вежби на Статички симулатор за да ја провери функционалноста на воланот од Ф60. Него му е позајмен еден болид Ф2007 и денес од 11 часот треба да тестира на патеката во Мугело.
Шумахер призна дека се обидува да извози што е можно повеќе километража пред да се врати, дури и ако тоа значи возење на стари болиди.
"На сила ја имаме забраната за тестирање во Формула 1, затоа контактирав со некои од момците од "Ф1 Kлиент" ако можат да ми позајман еден од старите болиди. Иако тоа не е болид сличен на годинешниот, нити пак на минатогодишниот, јас едноставно сакам да извозам колку што е можно повеќе километри, а ова е најдобриот избор. Следната недела ќе ја посветам потполно на физички подготовки. "
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment