Хонда и БМВ. Два автомобилски гиганти се откажаа од Ф1. Нивните Ф1 тимови не беа на ниво на нивните спортски автомобили кои се докажани во светот, па веројатно не е случајно што нивното повлекување од овој спорт дојде по ужасно неконкурентнати сезони. Ако не беше оваа светска економска рецесија, тие можеби ќе останеа, и покрај непријатната ситуација во која се наоѓаа. Но со милиони што се одлеваа од нивните сметки, непродадените автомобили, нивните одбори бараа да се дејствува за спас од финанскиски колапс. Одлуката на БМВ беше ненадејна, но можеби не и неочекувана.
Проектот БМВ Ф1 беше во опаѓање уште минатата сезона. Третото место во конструктори во голема мера беше изградена врз постигнатите резултати во првата половина на сезоната. Па при крајот на таа сезона во БМВ акцент се префрла на проектот за 2009 година, година со многу измени во регулативата на Формула 1, позначајни од нив беа воведувањето на КЕРС-системот, кој беше воведен и по инсистирање на БМВ(планирале да го воведуваат во нивните автомобили во сериско производство), како и повторното враќање на мазните гуми.
Но, тоа беше пред катастрофална економска криза. Од средината на минатата година беше очигледно дека огромните трошоци за развој на овој нов систем не се компатибилни со итна потреба за намалување на трошоците, поради намалените приходи од продажба на автомобили и надворешни спонзорства. ФОТА имаше предлог да не се воведува оваа технологијата, која сепак според прописите не беше задолжителна. Сеите тимови се согласија со ова, сосвен БМВ. КЕРС-от им беше премногу важен за да ја добијат поддршката од одборот за учество на Ф1. Другите членови неволно го прифати тоа и почнаа со развој на своите скапи КЕРС програми. Проценките за цената на развојот на КЕРС-от достигнуваат 60 милиони евра по тим.
Неуспехот на овој систем е почетокот на пропаста на БМВ во Формула 1. Нивниот Ф1.09 беше осмислен со КЕРС како своја појдовна точка, а од компанијата беа уверени дека ќе бидат водечки тим со оваа технологија. Ова беше кревка, високо ризична основа да се остане во спортот. Додека примарниот фокус на БМВ дизајнерскиот тим, исто како и оние на Мекларен и Ферари, беше за развој на КЕРС технологија и нејзиното вклопување во болидот, други гледаа на друго место. Преокупирани со KERS не ги забележаа дупките во новите Аеро прописи, без разлика дали тоа се двојните дифузори или предностите на pullrod задната суспензија. Предностите на овие толкувања на прописите беа многу позначајни од КЕРС системот. Понатаму, инсталацијата на КЕРС-от ги загрози основните Аеродинамички потенцијали на болидите и даде помалку set-up избори во оптимизирање на перформансите на болидот.
Непријатноста за БМВ да биде уште поголема, на првтата трка во Австралија, иако се виде дека нивниот болид е неконкурентен, Кубица со одлични квалификации и невообичаен избор на гуми во трката, пред нивниот судир се обидуваше да ја преземе втората позиција од Ветел. Но, тој во Мелбурн не користеше КЕРС. Во првите три трки, само Хајдфелд ја користеше КЕРС технологијата. Тој беше поставен на двата болиди дури во Бахреин. Но, беа далеку од тоа да се натпреваруваат за шампионската титула, како што пред почетокот на сезоната најавуваа. БМВ-то често се мачеше да ја помине првата квалификациона сесија(Q1). Логично поради нивните постигнувањето, нивниот морал беше на ниско ниво. Да биде уште полошо по нив, Мекларен и Ферари продолжија со нивните КЕРС програми и во Унгарија имавме Победа на болид опремен со КЕРС.
Така, тимот кој ги подложи другите тимови, но и себе си на огромните дополнителни трошоци за КЕРС-от, најлесно се откажа од него, додека други направи да проработи. Тоа беше кошмарна ситуација за БМВ, апсолутно најлошото сценарио. Тоа би можело да се покрие,ако болидите беа успешени но тоа не се случи. Трошоците исто така имаа сериозно влијание и врз развојот на болидот. Единствени меѓу сите екипи, немаа нови делови до трката во Шпанија, така да разликата со водечките тимово значително се зголеми.
Другите тимови-производители беа способни да живеат со тоа, но БМВ не можеше. За еден бренд како БМВ, "ќотекот" од Ферари или Мерцедес е доволно лош, но кога не можеа да дојдат во близина и на брендови како Тојота и Рено тоа за нив беше катастрофа - и во крајна линија неодржлива ситуација.
Во време на финансиско пропаѓање, ќе беше чудо ако одборот на БМВ дозволеше да продолжи Ф1 програмата. БМВ беше жртва на повеќе фактори: постепеното техничко замирање на Ф1, воведувањето на скапа технологија со економска криза, чуствителност на својот бренд на недостатокот на перформанси и сопственито уверување за успешна сезона.
_________________________________________________________________________________________________________________________________
27 August 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment