2009 ВАЛЕНСИЈА: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

23 August 2009

2009 ВАЛЕНСИЈА: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР


ВОЗАЧИ:

Хеjки Ковалаинен ги има завршено своите две Европски Гранд При-ја во бодови - 8 во 2007 и минатата година беше 4-ти.
Лука Бадоер учествувал на четири Европски Гранд При трки. Се нема квалификувано во 1993 и 1996, додека 1995 заврши 11-ти. Во 1999 година додека се наоѓал на четвртата позиција му се расипал менувачот, со што останал без своите први бодови.
Европските ГП не се баш најсреќни и за Кими Раиконен, кој има пет механички дефекти во последните шест изданија (вклучувајќи и три дефекти на мотор). Најфрустрирачки од сите овие дефекти беше тој од 2005, кога Раиконен мораше да се повлече поради дефект на амортизерите, а се наоѓаше на првото место, и имаше само еднен круг пред крајот на трката. Стартувал од Пол Позицијата во 2003 и 2007 и никогаш не бил со пласман надвор од топ 10.
Фернандо Алонсо има победувано на Европското Гранд При во два наврати, 2005 и 2007. Интересно е тоа што и при двете победи имаше само неколку круга во водство, 5 во 2007, кога го престигна Маса во последните мигови од трката, и 9 во 2005, кога ја наследи победата во последниот круг од Раиконен. Има Пол Позиција во 2006. Минатата година, се откажа поради судир во првиот круг.
Најдобар резултат на Марк Вебер на Европското ГП до сега е во 2007, кога трката ја заврши на 3-тото место. Има пласман во топ 10, 2 пати од седум обиди: 2005 (трет) и 2007 (шести).
Рубенс Баричело има Победа на Европското Гранд При во 2002 и завршил на Подиумот 5 пати, иако никогаш не стартувал од првиот ред. Неговите последни освоени бодови се во 2006.

ТИМОВИ:
Последна година без Ферари на Подиумот е 1999. Од тогаш црвените болиди победија 6 пати, при тоа почнувајќи од Пол Позиоцијата во четири наврати.
Мекларен има само една победа во последните 11 години, и тоа во 2007 со Фернандо Алонсо.
Најдобар резултат на Тојота е 5-то место, извојувано минатата година од Јарно Трули и седмото место на Тимо Глок. До 2007 , овој јапонски тим освои бодови само еднаш и тоа 8 место на Трули во 2005.
Вилијамс е со пласман во бодови секоја година од 2001, вклучувајќи ја и Победата во 2003 на Ралф Шумахер.
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here