ОБЈАВЕНИ ПРАВИЛАТА ЗА 2010 - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

20 August 2009

ОБЈАВЕНИ ПРАВИЛАТА ЗА 2010

ФИА денес ги објави новите спортски и технички прописи за 2010 Формула 1 Светскиот Шампионат. Ови правила се во функција на очекуваниот зголемен број на болиди кои ќе се натпреваруваат следната година т.е. 26 болиди.

Едночасовната Квалификациона сесија останува поделена во три сегменти, со тоа што сега најбавните осум болиди ќе отпаднат во првиот сегмент од 20-минути(Q1), а други осум во вториот сегмент(Q2), така да во третиот 10 минутен сегмент повторно остануваат 10 возачи, кои ќе се натпреваруваат за Пол Позицијата со минимум гориво, поради забраната за долевање гориво за време на трката, која за прв пат ќе се применува од следната година.

Други позначајни промени во овие прописи се тоа што останува истиот систем на бодување, минимална тежина е подигната на 620кг, земајќи ја во предвид додатната тежина на КЕРС системот кој ќе биде дозволен и следната година, иако во ФОТА постигнаа договор да не го користат овој систем.

Загревачите на гумите остануваат во употреба, без оглед што претходно имаше индикации дека ќе бидат забранети поради намалување на трошоците. Најважно од се е дека нема никакви двојни правила кои беа главна пречка во преговорите меѓу ФИА и ФОТА.
_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here