ТИМОТ НА БРАУН ГП ФИНАНСИСКИ ПОТКРЕПЕН ЗА 3 ГОДИНИ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

25 August 2009

ТИМОТ НА БРАУН ГП ФИНАНСИСКИ ПОТКРЕПЕН ЗА 3 ГОДИНИ

Тимот на Браун ГП обезбеди средства кои му ја гарантираат неговата иднина во Формула 1 за наредните три години, а воедно и потврдија дека договорот со Virgin кој истекува на крајот од оваа сезона, нема да биде продолжен. Тие во текот на годината беа поврзувану со разни спонзори како авиокомпанијата Emirates, енегретскиот пијалок "Monster", познатион Bwin и Telmex.

Рос Браун изјави: "Имавме долга пауза во преговорите, бидејќи спонзорите сакаа да знаат како ќе се одвива ситуацијата, и сега работите со нив полека се средуваат. На сите во тимот сега ни е полесно кога ја обезбедивме нашата иднина од комерцијалниот аспект. Потпишавме некои многу добри договори, но тие ќе бидат објавени кога ќе го промовираме болидот за следната година. Знам дека ќе се тркаме во нареднените три години во овој шампионат, а се надевам и понатака."

Запрашан за тоа дали и возачкиот двоец, Батон/Баричело е сигурен за во иднина, одговорил дека 'не гледа добра причина' да не ги задржи двајцата и за следната 2010сезона. Преговорите за продолжување на нивните договори ќе се одржат наредната недела. Проблемите може да настанат со најверојатно поголемите финансиски побарувања на Батон, поради успешната сезона, додека кај Барикело најтанка карика е неговата кондиција т.е. форма во која се наоѓа. Со победата во Валенсија е поблиску до останување во тимот.
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here