Како се чуствуваш? На што се сеќаваш од несреќата?
Фелипе Маса: "Се чуствувам некако необично. Јас знам што точно се случи, дека опругата испадна од болидот на Рубенс и ме удри во кацигата. Знам дека нешто се случи со мене, но потоа не се сеќавам на ништо. Ми кажаа дека по ударот во кацигата сум ја изгубил свеста и сум удрил во бариерите, а потоа се разбудив во болница два дена подоцна.
"Не се сеќавам на ништо пред тоа и затоа лекарите требаше да ми објаснат што се случило, зошто сум во болница. Кога го видов Роб (неговиот инженер за трки), тој прво ме праша дали го запамтив Рубенс, но последно на што се сеќавав е дека бев зад него при поставувањето на брз круг во Q2, а потоа празнина. Тоа е тешко да се објасни. Чуствувам дека сум многу подобар и сега сакам што побрзо да заздравам и да се вратам зад воланот на Ферари. "
Дали сакаш да му се заблагодариш на некого?
Фелипе Маса: "Пред се сакам да му се заблагодарам на Бог. Потоа да им заблагодарам на лекарите од Хунгароринг и болницата АЕК-а во Будимпешта, кои направија многу за мене, потоа Дино Алтман, кој дојде со мојата фамилија од Бразил и кој беше неверојатен во изминативе неколку дена. Исто така сакам да им се заблагодарам на сите кои се молеа за мене и кои ми пишуваа преку мојата веб страна, како и страната на Ферари, со надеж дека се поминало во најдобар ред.
"Многу луѓе ми пишаа, многу и кои не се заинтересирани за Формула 1, но слушнале за мојата несреќа: Ви благодарам многу и сакам да им порачам дека и јас се молам за нив. Јас би го направил истото ако несреќата се случеше на некој друг возач: Јас би се молел за неговата добробит. "
Колку помогна фактот што твојата фамилија беше со тебе во последните неколку дена?
Фелипе Маса: "Мене мојата фамилија ми е многу важна. Тие секогаш биле во моја близина во текот на мојата кариера, при победите и поразите, во најтешките моменти. Во Будимпешта беше само Едоардо, но кога се случи несреќата Рафаела, Татко ми, Мајка ми а потоа и мојата сестра дојдоа во Унгарија. Знам дека претрпеам страшни моменти и сакам да им се забладодарам и нив.
"А тука е и уште една фамилија на која морам да и заблагодарам, а тоа е мојата втора фамилија Ферари. Тие беа прекрасни, ни помогнаа на секој можен начин и да се биде дел од тоа семејство е прекрасно."
Која е твојата прва желба, кога ќе се вратиш во Бразил?
Фелипе Маса: "Враќање во мојот дом, проверка дека е се како што беше порано. Многу работи се случија изминативе дена и сакам да се вратам во нормален живот. Сакам да се вратам во најдобра кондиција, да се вратам на моето вообичаено секојдневие. "
Некое време твојот болид ќе го вози Михаел Шумахер: Имаш ли совет за него?
Фелипе Маса: "На Михаел не му треба мој совет! Тој ми помагаше со многу совети во времето кога бевме тимски колеги. Тој знае како да победува,знае како да вози, едноставно тој е одличен: Од Ферари го направија најдобриот избор, да му го предадат мојот болид на таква фантастична личност и сигурен сум дека сите ќе бидат задоволни, да го видат на патеките повторно. Иако се надевам дека ќе се вратм на патеките со болидот на Ферари што е можно најбрзо. "
________________________________________________________________________________________________________________________________________
04 August 2009
ПРВОТО ИНТЕРВЈУ НА МАСА ПОСЛЕ НЕСРЕЌАТА
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment