ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА ЛУКА БАДОЕР - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

21 August 2009

ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА ЛУКА БАДОЕР


Лука Бадоер се враќа на Гранд При трките повторно откако ја напушти Ф1 на крајот од 1999. Тој од тогаш е тест возач на Ферари, при што има поминато 131.944 км во 469 дена тестирања, што е готово двојно повеќе од тркачката километража на рекордерот Рубенс Баричело (67.891 км). Но, Бадоер во трка има само 10.642км.

Бадоер претходно возел за тимови со слаби перформанси, така да тој е присутен во некои од Ф1 негативни листи. Еве што би требало да направи за да подобри својот статус:

• Да освои бодови: Бадоер има најголем број почнати трки (48) а е без бодови во Ф1, и е пред Тораносуке Такаги и Брет Лунгер (двајцата со 32).

• Да успее да влезе во Топ 10 на Квалификациите: Од 56 обиди, најдобриот резултат на Бадоер е 12. место во 1995 на Унгарското Гранд При.

• Да не биде на последната стартна позиција: Бадоер се има квалификувано како последен 10 пати. На оваа листа е 5-ти на сите времиња.

• Да ја заврши трката: Бадоер не завршил 25 трки од 48 започнати (52 %). Од активните возачи со најлош резултат во ова рангирање е Адриан Сутил со 20 откажувања од 45 почнати трки(44,4%). Но тој возеше за тимови со минимални буџети па беше честа жртва на механички дефекти т.е 18 пати се откажал поради истите (37,5 %).

Останати занимливости за Бадоер се:

• Тој е единствен од активните возачи кој не успеал да се квалификува за трката.

• Иако секогаш бил при крајот на Стартната листа, Бадоер само еднаш трката ја завршил како последен. Тоа било во 1993 на Бразилското Гранд При, кога завршил на 12 место.
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here