КУБИЦА: ЌЕ БИРАМ СПОРЕД ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ТИМОТ - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

27 August 2009

КУБИЦА: ЌЕ БИРАМ СПОРЕД ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ТИМОТ

Роберт Кубица изјави дека е спокоен за својата иднина како Формула 1 возач. Изгледите да се приклучи кон некој тим за следната сезона, иако не победи на ниедна трка оваа година, се добри, а се шпекулира со негово заминување во Рено.

Следната година Кубица е ослободен од договорот со Баварскиот тим, по одлуката на БМВ да се повлече од Формула 1 на крајот на сезоната. Тој инсистира на тоа дека е тешко да се знае кои тимови ќе се најсилни и вели дека поважен е потенцијалот на тимот кон кој би се приклучил.

"Дури и ако нема резултати веднаш, ако се работи со добра група луѓе, може да се оди напред при зимските тестирања. Никој не може да гарантира брз болид, но посакувам тим кој ќе понуди гаранција за напорна работа и максимална мотивација. Моментално според мене тешко е да се прогнозира кој тим ќе победува следната година. Може да се насети. Тимовите што ќе ја завршат оваа година во добра форма, најверојатно ќе имаат добар почеток на следната сезона бидејќи аеродинамиката на болидите останува иста."

Кубица е уверен дека и покрај тоа што неколкуте добри места веќе се зафатени за 2010 година, се уште постои добра шанса да се најде во победнички болид.

"Се надевам дека ќе бидам во конкурентен болид следната година. Повеќето тимови веќе имаат договори со возачите, така да нема толку многу места каде би заминал. Но, постојат неколку можности кои изгледаат ветувачки за во иднина.Јас сум во рана фаза на преговори затоа што веста за откажувањето на БМВ ја добивме неодамна. Мене не ми се брза".
___________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here