По изминатиот емотивен месец, како делуваше денешната победа стапка на вас?
Стефано Доменикали: Денес е голем ден за нас. По тешката сезона, до сега, и она што се случи на Фелипе само пред еден месец, мислам дека тимот ја заслужи оваа Победа. Ферари никогаш не се откажува, секогаш одиме на победа. Но, понекогаш кога работиме за победа на трките, тогаш навистина сте среќни.
Ова е посебен ден за нас и им се заблагодарувам на сите луѓе кои напорно работат во Маранело, на патеката, на нашите добавувачи. И ова е нашиот подарок за Претседател, чиј роденден е утре, и за Фелипе - кој навиваше со нас од Бразил. А исто така и за целото семејство Ферари, наште навивачи кои трепереа со нас, така што денес беше важен ден.
Но, ние не треба да занемариме една работа, од Германија ГП ние секогаш сме на подиумот. Ние собравме многу поени во споредба со другите тимови, и заедно со Мекларен бевме многу блиску и имаме многу повеќе поени од Браун ГП. Значи, во последниот дел од сезоната, до сега, имаме постигнато многу. Собравме многу поени со само еден болид во последните неколку трки, што е многу важен фактор.
Лекцијата која може да се научи од денешната трка е тоа што во оваа сезона е многу тешко да се разбере што се случува од техничка гледна точка. Ние не работиме на овогодинешниот болид веќе еден месец, како што знаете. Па ние мора да бидеме сигурни дека овој пакет ќе биде максимално искористен во смисла на користење до крајот. Но, ова покажува дека овој пакет може да биде конкуретен. Затоа ние треба да дадеме 110% од себе во следните трки.
Видовме дека доста интензивно ја прославивте победата на pit-wall-от и подоцна на подиумот. Можете ли да ги објасните вашите чувства?
Стефано Доменикали: Пред се, јас се трудам секогаш да биде многу мирен, бидејќи тоа е вистинскиот пристап, но исто така денес јас сум среќен. И знам како се чувствуваат момците, после ваква тешка година. Мислам дека сите во нашиот тим се чуствуваат прекрасно. Јас лично се чувствувам многу среќен поради тоа што ова е многу посебена победа за нас, така што вечерва ќе славиме малку повеќе. Од утре повторно почнуваме со напорна работа, но барем вечерва ќе славиме.
Им заблагодаривте на многу луѓе, но што е со безбедносното возило. Сметате ли дека не би победиле на трката без него?
Стефано Доменикали: Јас не мислам така. Пред се, ако има некоја несреќа, тогаш не можеме да го избегнеме тоа. Тоа е нешто надвор од дискусија, исто и безбедносниот автомобил, тоа е нешто што може да оди во ваша корист или обратно. Мора да се реагира во зависност од она што се случува. Денес бевме конкурентни во секој случај, и искрено не верувам дека од наша перспектива, да не беше безбедносното возило ќе имаше многу разлика.
Бевте околу шест килограми потешки што Џанкарло Физикела со гориво, но застанавте во истиот круг. Можете ли да објасните малку за тоа?
Стефано Доменикали: Ова е точката каде што треба да разбереме како различни тимови имаат различна потрошувачка на горивото. Некои тимови трошат помалку, некои повеќе. Ова е момент кој го покажува тоа. Од аспект за следната година, може да се каже дека потрошувачката на гориво ќе е еден од најважните елементи, бидејќи тој вид на разликата во однос на килограми може да биде голема разлика на почетокот на трката. Тоа е нешто што треба да се разбере.
Кими Раиконен рече дека се уште сака да биде возач на Ферари, но тимот ќе одлучи што сака да одлучи. Значи, какви се вашите планови за следната година, и колку закрепнувањето на Фелипе го прави тежок вашиот избор на возачи за следната сезона?
Стефано Доменикали: Никој од нашиот тим нема дадено коментар на оваа тема. Се што се пишува по весниците е само шпекулации. Јас навистина се надевам дека ќе продолжите да ги пишувате, бидејќи ако ова е реакцијата на Кими на нив, тогаш ве молиме правете го тоа и дење и ноќе. Не верувам дека тоа е точка на дискусија што треба да започне денеска. Тоа е одговорот.
Што ќе правите со вашиот друг возач. Што ќе прави за Монца? Дали Лука стори доволно за да биде возач на Ферари во Монца?
Стефано Доменикали: Прво, мислам дека Лука мора да се расположи со нас денес, бидејќи тој е дел од тимот. Тој има направено многу за тимот, тој ја заслужи оваа победа, заедно со нас. Во однос на она што ќе го направам за следните трки, ќе ви кажам во наредните три дена. Ние ќе ги земеме во предвид сутрешните медицински проверки на Фелипе и после тоа ќе донесеме одлука.
Во различни области на меѓународните медиуми, Лука го доби суровиот прекар 'Види Колку Лош Сум ". Колку срамно е тоа што за бренд како Ферари, исто така, и лично за вас?
Стефано Доменикали: Не знаев за тоа. Од наша страна, мислам дека најважната работа е да се направи она што е најдобро за нашата тим. Ферари сигурно не сака да биде последен во трка, тоа е сигурно. Но, како што реков, ние треба да ги ставиме сите фактори на маса, а потоа веднаш штом донесеме одлуката ќе бидете информирани. Ние сакаме да бидеме силни како тим, како возач и како бренд.
Имаше еден извештај во еден италијански весник непосредно пред трката дека се постигнале договор со фернандо Алонсо за трката во Монца. Можете ли да ми потврдите 100 посто дека тој нема да се натпреварува за вас?
Стефано Доменикали: Прв пат слушам за тоа.
Дали може да потврдите дека нема да вози за вас?
Стефано Доменикали: Да.
Дали се слушнавте со Фелипе Маса денес?
Стефано Доменикали: Да. Тој беше многу среќен. Тој навиваше со нас денес и тој веќе е во Мајами како што утре ќе го има неговиот медицински преглед.
КЕРСОТ одигра клучна улога во денешната победа. Ќе продолжите со развојот на тој систем?
Стефано Доменикали: И неговиот развојот беше замрзнат. КЕРС-от денес сигурно беше важен за задржување на позицијата. Но неговиот развој е замрзнат.
Што мислите за перформансите на Џанкарло Физикела и дали тој е на листата за местото на Лука?
Стефано Доменикали: Мислам дека Џанкарло имаше голема трка денес. Неговиот перформанс беше фантастичен, и тој го притискаше Кими многу силно. Секако, тој е возач, кои се чини дека е многу брз. Не можам да кажам дали шпекулациите се вистина или не.
Перформансот на Кими денес беше многу добар, но како би го ооцениле вие?
Стефано Доменикали: Многу добро. Многу брзо. Ние знаевме дека постојат одредени моменти на трката што се од суштинско значење, и пред трката разговаравме за нив. Ние знаевме дека стартот е од огромно значење и со KЕРС-от е важно да се биде на таа позиција на првиот круг. Кими имаше голема трка. Тој беше фантастичен, даваше се од себе во секој круг и мислам дека го заслужи ова. Многу сум среќен за него.
Фернандо денес ви задаваше маки. Тој беше на стратегија со еден пит-стоп и се чинеше дека не успевате да му побегнете. Тој беше закана за вас денес?
Стефано Доменикали: Да бидам искрен, ние ја контролиравме разликата. А со оглед на нашето темпо бевме сосема безбедни, бидејќи клучен момент за нас беше да бидеме пред него при првиот пит-стоп. Денес повеќе бевме загрижени за Ветел тој беше многу брз на последниот стинт со тврди гуми, а исто така и при вториот, тој беше многу брз. Освен на задржувањето на Џанкарло зад себе, ние се концентриравме и на разликата меѓу Себастиан и Кими. Во вториот сектор тој беше навистина импресивен.
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
31 August 2009
ИНТЕРВЈУ СО СТЕФАНО ДОМЕНИКАЛИ
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment