Во последните шест трки Победници се шест различни возачи: Џејсон Батон, Себастијан Ветел, Марк Вебер, Луис Хамилтон, Рубенс Баричело и Кими Раиконен. Не имало седум различни победници во седум трки од 1982-83 сезоната. Рекордот е девет различни победници во девет трки, кој е поставен два пати 1961-62, и 1982 година.
ВОЗАЧИ:
• Луис Хамилтон заврши втор на своето деби во Монца, 2007 година, но минатата година заврши на седмото место. Тој никогаш не се квалификувал пред неговиот тимски колега на ГН на Италија.
• Хејки Ковалаинен го имаше својот последен пласман на подиумот во Монца во 2008 година. Тој, исто така, има победа на оваа на патеката на трка од GP2 во 2005 година.
• Џанкарло Физикела има само еден пласман на подиумот во Монца, во 2005 година. Најдобар пласман на квалификациите му е третото место во 1997 година. Минатата сезона со Форс Индија се пласира во Q2 за прв пат во историјата на овој тим.
• Кими Раиконен никогаш не победил на ГН на Италија. Неговиот најдобар резултат е второто место во 2006 година, тогаш ја освои Пол Позицијата на квалификациите. Раиконен го има поставено најбрзиот круг во 2005 година, 2006 и 2008 година.
• Роберт Кубица досега секогаш е победуван на квалификациите од неговиот тимски колега Ник Хајдфелд во сите три негови настапи во Монца, но има два пласмани на Подиумот во 2006 (негов прв пласман на Подиум) и 2007 година.
• Фернандо Алонсо доминираше на трката во 2007 година со Победа од Пол Позицијата и го постави најбрзиот круг.
• Јарно Трули има пласман во бодови само три пати од 12 трки на домешен терен, последната во 2006 година, кога заврши на седмото.
• Себастијан Ветел ги имаше својата 1-ва Пол Позиција и Победа во Монца минатата сезона со Торо Росо.
• Џејсон Батон има само 1 пласман на Подиумот во 2004 година. Има пласман во бодови 5 пати, а минатата година беше само 15-ти.
• Рубенс Баричело Победи во Монца во 2002 и 2004 година и беше на Подиумот во 2001 и 2003 година. Неговиот последен пласман во поени е во 2006 година. Баричело е на втората позиција во поени освоени во Монца 43 поени (2 победи), прв на листата е кој друг ако не Михаел Шумахер. Тој има 79 поени (5 победи).
ТИМОВИ:
• Ферари е најуспешен тим во Монца, пред Мекларен, со 17 победи наспрема 9 , 18 Пол Позиции наспрема 9 и 48 Подиуми наспрема 23. Но, немаат Пол Позиција дури од 2004 годин.
• Рено не победил во Монца од 1982 година, кога победи Рене Арнокс.
• Торо Росо го постигна свооите Први и поеледни сега засега Пол Позиција и Победа минатата година.
• Тојота има пласман во поени само во 2005 година и 2006 година и од тогаш нема завршено во Топ 10 на трката.
• На тимот на Вилијамс последната Победа во Монца му е во 2001 година, а последнииот пласман на Подиумот во 2003 година и последните поени во 2007 година.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
11 September 2009
2009 МОНЦА: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
Tags
# ВЕСТИ
# СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
About MkFormula1
СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
Labels:
ВЕСТИ,
СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Post Top Ad
Responsive Ads Here
No comments:
Post a Comment