2009 МОНЦА: НАЈНОВИ ВЕСТИ ПРЕД ТРКАТА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

13 September 2009

2009 МОНЦА: НАЈНОВИ ВЕСТИ ПРЕД ТРКАТА

БРАУН ГП:
Во тимот на Браун ГП одлучија да не се промени менувачот на болидот на Рубенс Баричело, што значи дека може да стартува од 5-тото место како што и беше планирано. Дебатата околу тоа дали да се промени менувачот траела до доцна во ноќта и се поради тоа дал има или нема оштетување на менувачот од Големата награда на Белгија, каде што се запали при крајот од трката, кога имаше и исфрлање на масло од моторот. Но, на крајот Браун ГП утринава од тимот потврдја дека ќе го задржат оригиналниот менувач во болидот како би се избегнала казната од пет стартни места наназад за Баричело.

ТОРО РОСО:
Џејми Aлгуерсуари ќе стартува од боксовите за Голема награда на Италија, откако неговиот тим направи некои промени во неговиот болид по квалификациите. Заменети се панелите за ладење на моторот, отстранет е дел од најгорниот дел на задниот спојлер, а вчера доби и нов менувач па место со добиените казни да стартува како последен од тимот на Торо Росо одлучиле да стартува од боксот.

БМВ Заубер:
Роберт Кубица и Ник Хајдфелд избегнаа казна за менување на моторите на своите болиди, бидејќи новите мотори што се поставија се во рамките на осум мотори кои на тимовите им е дозволено да се користи во текот на сезоната.
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here