2009 СИНГАПУР ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

26 September 2009

2009 СИНГАПУР ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР

Формула 1 циркусот заминува од Европа за Азија, континент каде што Фернандо Алонсо секогаш имал добри резултати. Меѓу моменталните возачи, Алонсо е оној кој возел на најголем број на азиски трки, осум, потоа следуваат Раиконен и Маса по пет. Трет на листата е Џенсон Батон, кој победи на три трки во почетокот на оваа сезона во Азија: Малезија, Бахреин и Турција. Апсолутен рекорд во оваа категорија е Михаел Шумахер, победник во Азија 13 пати.

Од страна на Пол Позицијата, најдобар од сегашните возачи, иако моментално неактивен, е Маса со осум пол позиции во Азија, следен од Алонсо со пет и Хамилтон со четири. И овде рекордер е Шумахер, кој има 15 Пол Позиции на Азиска почва.

Поради тоа што лани беше прва трка статистиката за овде треба допрва да се создава. Минатата година во Сингапур регистрирани се следниве настани од статистички аспект:

• Последниот најбрз круг и откажување поради несреќа за Раиконен.
• Последни механички дефект за Јарно Трули и Марк Вебер. Трули е последното откажување поради механички дефект за Тојота.
• Последен подиум за Нико Розберг и Вилијамс.
• Последен пласман во поени за Казуки Накаџима.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here