РУБЕНС БАРИЧЕЛО:
"Се чувствувам одлично. Како што реков откако ја поминав целта, немам зборови. Имав тешка ноќ како што знаете со роблемите со менувачот. Беше одлично да се направи добар старт. Ковалаинен доаѓаше доста брзо, користејќи го тоа моќно копче и морав да се бранам, па отидов широко, така да тоа беше тешка ситуација. Но, тоа беше добар прв круг и тоа ми ја направи трката полесна. Темпото беше одлично, сопирачките беа на ниво, слично како во Валенсија.
"Навистина се чувствувам одлично, со оваа публика навистина се чувствувам добро, тие се повеќе во црвено, отколку бело, но сепак се чувствувам одлично. Се чувствувам одлично, што и да се случува ова е победничка година за мене. Морам да им заблагодарам на сите во тимот за нивните напори, стратегијата беше одлична, работата што ја направивме во петокот беше фантастична, така што е навистина добро. Двајцата имаме различни гуми и различни стратегија, но болидот беше добар и за двајцата. Ќе дадам се од себе за да ја освојам титулата, се надевам ќе имам добра борба со мојот тимски колега".
ЏЕНСОН БАТОН:
"Тоа беше хаотичен прв круг, но дојдов до добра позиција, што беше фантастично. Треба да се биде секогаш претпазлив на почетокот поради болидите со КЕРС, Алонсо немаше добар старт, а и Ковалаинен се бореше со својот болид. Тој кочеше доцна, па Баричело и Кими Раиконен речиси се судрија . Бев зад Kовалаинен во втората и во шиканата Lesmo, го ставив носот од внатре и го добив во Lesmo 2. Тоа беше многу потребно, инаку најверојатно ќе завршев трет или четврт. "
"Добро е да се биде на второ место. Би сакал да бев на местото од Рубенс, но тој направи подобра работа овој викенд. Изгубив два поени во борбата со него, но тука добив седум со Ветел. Баричело ми е најблискиот ривал, но ние имаме добар однос. Луис почна да форсира во последните три круга, но добро го покривав, така да беше многу тешко да ме помине дури и со КЕРС. Не знам што се случи, но голема грешка за него и за мене еден голем резултат. "
КИМИ РАИКОНЕН:
"Го добивме третото место како подарок, но не е важно. Ова не е перфектна позиција за мене и за тимот, но барем добивме поени што ни се потребни. Го извадивме максимумот од болидот овој викенд, ова е добро за навивачите и многу подобро отколку да завршевме на четвртата позиција. Знаеме дека некои болиди се побрзи од нас, но можеби во некои трки ќе можеме да ги предизвикаме за победата. Сè се одвиваше добро за нас, а момци завршија добра работа. "
_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:
Post a Comment