ДОМЕНИКАЛИ: НЕМА ДА ПОБЕДИМЕ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

09 September 2009

ДОМЕНИКАЛИ: НЕМА ДА ПОБЕДИМЕ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

Победата на Белгиското Гран При, беше прва за Ферари од Интерлагос минатата година, но Доменикали не мисли дека ќе бидат конкурентни на домашен терен овој викенд.


"Знаеме дека ќе биде тешко, бидејќи нашите ривали го немаат запрено развојот на своите болиди, додека го стопиравме", изјави тој за Gazzetta dello Sport. "Покрај тоа, Монца не е стаза која одговара на карактеристиките на F60. Но, ние мора да бидеме подготвени да ја искористиме секоја грешка од страна на другите."

Раиконен се надева дека барем може да продолжи со пласманите на подиумот, откако ги заврши последните три трки на тоа место, но тој исто така е несигурен за тоа како ќе се однесува болидот на Ферари во Монца.

"Во Белгија победивме и сакаме да останеме на постигнувањата од последните трки, да останеме на подиумот", вели Финецот. "Тоа е една од најважните ГП на годината, бидејќи ние се тркаме пред нашите навивачи и ќе биде добро да им дадеме сатисфакција. Ова е најбрзата стаза во сезоната и КЕРС-от треба да ни помогне како во Спа. Треба да ги користите kerbs добро, а тоа не беше силна точка на нашите автомобили во текот на последните години. Ќе видиме што ќе се случи на тренинзите во петок. Оваа година не ги правиме вообичаените тестови на патеката, така што тешко е да се каже како ќе се однесуваат болидите во поглед на аеродинамиката. Тоа ќе биде тежок викенд, но можам да им ветам на навивачите дека ние ќе го дадеме се од себе, како и обично. "
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here