Роберт Кубица очекува набрзо да донесе одлука за своите планови за следната година, притоа признавајќи дека она што ќе се случува со Рено е фактор за таа одлука. Полјакот верува дека има цврста понуда од Рено на маса, но тој изјави дека нема да го потпише договорот со овој францускиот производител на автомобили се додека тие не ги објават своите планови за 2010 година.Кубица останува силно поврзуван и со тимот на Вилијамс, од каде бараат замена за Нико Розберг, за кој се верува дека ќе се приклучи на Браун ГП во 2010 година. Кубица нема да донесе цврста одлука, се додека иднината на Рено Ф1, не е сигурна. Сепак, тој вели дека треба да се очекуваат вести за неговата иднина наскоро.
"Мислам дека сме во многу посветено време на сезоната", рече Кубица за состојбата на преговорите за неговата иднина во Ф1. "Не постои јасен показател каде ќе возам, но сигурно се надевам дека ќе можам да ја донесам конечната одлука наскоро, па да знам каде ќе одам и за кого ќе возам."
Запрашан дали ситуацијата во која се наоѓа Рено го комплицира неговиот избор на тим за 2010 година, Кубица изјави: "Да и не. Со сигурност Рено е една од опциите, сигурно сега ќе мораме да почекаме и да видиме каква ќе биде одлуката. Да бидам искрен, јас не сакам да зборувам за тоа, бидејќи јас не сум вклучен. Немам никакви информации, тоа што го знам е само од медиумите, па не би сакал да коментирам за ситуацијата во која се наоѓаат. Но, Рено не е единствената опција, така ние треба да поработиме и на другите. "
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment