Организаторите на Големата награда на Сингапур извршија модификации на стазата за втората трка во оваа земјата, а се со цел подобрување на условите за трки.Меѓу најзначајните промени се модификација на излез од боксовите, кој е преместен да се приклучува на патеката по првата кривина. Исто така и влезот во боксовите е преместен пред кривината 22. Организаторите, изјавија и дека просорот помеѓу кривините 5 и 7 е нивелиран со цел да се намалат испакнатините на кои многу возачи се жалеа минатата година.
Останатиот дел од промените се:
• боксовите имаат нов асфалт.
• Нови ивичњаци се поставени на влезот на кривините 1 и 5.
• Ивичњаците на кривините 13 и 14 се стеснети малку.
• Вториот и третиот ивичњак на кривината 10 се преместени од лево и од десно, за да се направи кривината побавна.
• Сите гумени ивичњаци имаат дополнителни фиксатори.
• Ѕидот околу кривините 22 и 23 е префрлен поблиску до патеката.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment