Фелипе Маса:"Се надевам дека ќе бидам во Ф1 наскоро, но исто така знам дека дека за да се вратиш во овој спорт треба да си 100 проценти подготвен, а тоа најверојатно е почетокот на следната сезона. Мојот сон е да се тркам во Абу Даби, но можноста за тоа е навистина, навистина мала. Минав два многу интензивни и интересни дена возење во Барселона, а потоа и во Интерлагос и Абу Даби на симулатор. Утре ќе одам во Париз за некои медицински прегледи на ФИА и во понеделник, ако времето е чисто, јас конечно треба да бидам зад воланот на Формула 1 болид. Се надевам дека ќе можам да извозам многу километри, не само во смисла на перформанси, туку и константно добри кругови во серија. Уверен сум и мислам дека нема да има никакви проблеми. Вистина е дека болидот на Формула 1 вибрира многу и има голем физички стрес, но јас сум навикнат на тоа. Возењето картинг во Бразил беше одлично. Да се биде на патеката повторно и да се почувствуваат ивиците на патеката е прекрасно чувство, како ништо да не се променило. "
_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment