Повеќе се надевавте дека ќе седнете во болидот во Јапонија, одколку тука во Бразил. Дали сте подготвени?Камуи Кобајаши: Дефинитивно имав доволно време да се подготвам, повеќе од една недела. Тоа е подобро отколку последениот пат во Сузука, бидејќи таму немав доволно време да се подготвам. Работевме навистина многу да се потврди се да биде во ред на оваа трка.
Дали сметаш дека си повеќе подготвен за овој викенд поради петокот во Сузука?
Камуи Кобајаши: Да се разбира. Мислам дека беше навистина добро искуство, затоа што извозев 22 круга, па оваа недела со тоа искуство можеме да подобриме некои работи и можеме да работиме подобро. Ние не почнуваме од нула, што е добро за мене.
Дали ја имаш возено оваа трка на симулатор или видео игра?
Камуи Кобајаши: Добро, можеби сум имал искуство со видео-игра, но тоа всушност не е корисно за мене. Можам само да се сетам на лево и од десно, но со вистински болид е дефинитивно сосема различно искуство. Навистина треба да се почне од нула. Јас немам искуство, треба да се подобруваме чекор-по-чекор само за да добијам валидна километража, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Условите на патеката ќе бидат тешки, бидејќи прогнозата е нестабилна во моментов. Тоа ќе биде тежок викенд, но ќе се обидам да дадам се од себе.
Кога последен пат сте се возеле во Ф1 болид на сува патека?
Камуи Кобајаши: Мислам дека беше во февруари. Но, постојат голем број на промени на болидот, па има голема разлика.
Кои се вашите очекувања од викендот, само да стигнете до целта?
Камуи Кобајаши: Да, а ако освојам поени ќе биде многу добра работа. Гледајќи ги Џанкарло, Лиуци и Грожјан, навистина ќе биде тешко да се освојат поени во првата трка. Знам дека ќе биде тешко. Но, ова е за мене навистина добар чекор. Јас се надевам дека ќе направам навистина добра работа за тимот.
Дали го гледаш овој викенд како подготовка за следната година?
Камуи Кобајаши: Јас навистина не размислувам за следната година. Едноставно ја имам оваа дадена шанса и сакам да ја искористам оваа можност да покажам што знам и умеам. Тоа е мојата цел. Не сакам да размислувам за следната година во моментов.
Ви се дава шанса да покажете што знаете, затоа што оваа сезона во GP2 за вас беше прилично тешка?
Камуи Кобајаши: Да. На почетокот беше се во ред, но на крајот од сезоната беше тешко. Сега јас треба да заборавам на тоа и да започнам растеретен, за да се покажам во Ф1. Сум поминал две години како тест-возач, што е добра предност. Значи јас треба да дадам добри перформанси овој викенд.
Дали ќе ти биде тешко за вас овој викенд поради тоа што оваа патека се вози во спротивен правец од останатите?
Камуи Кобајаши: Не знам. Сите велат дека ќе биде тешко, но никогаш не сум го имал тоа искуство. Овде како и во Херез каде имав Ф1 тестови, има брзи леви кривини, па не мислам дека ќе биде нешто посебно. Убеден сум дека ќе нема проблем за мене.
А што во врска со Ф1 рутината- квалификаци, пит-стоп, престигнувања и слично?
Камуи Кобајаши: Се надевам дека во 1-от слободен тренинг ќе научам се, па во вториот да работам на поставување на сет-апот на болидот. Ние навистина немаме доволно време, а и временската прогноза е малку нестабилна, па ќе биде тешко. Сакам да ги научам болидот и патеката колку што е можно повеќе.
Значи ова е вашиот најголем предизвик во автомобилските трки?
Камуи Кобајаши: Да. Можеби и најголемиот предизвик во мојот живот, исто така.
Дали сте нервозен или возбуден?
Камуи Кобајаши: Не, не сум нервозен, ова е прилично возбудливо. Сакам да започнам со самодоверба дека можам да направам добра работа оваа недела, затоа што самодовербата е навистина важна. Ако сте нервозни можете да направите грешки. Мислам дека самодовербата е важна, и јас сакам да започнам добро оваа недела.
Дали повеќе сакате да биде влажно или суво?
Камуи Кобајаши: Трка на сува патека ќе биде нешто ново за мене, затоа што никогаш не сум имал искуство со две опции на гуми, што е голема разлика за мене. Тешко е да кажам во моментов што би било подобро, но повеќе би сакал првиот слободен тренинг да е на сува патека.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment