Во Јапонија следува второто по ред ГП на Азиско тло сезонава. Р. Баричело го освои својот 599-ти бод во кариерата во Сингапур и може да стане само четвртиот возач со освоени 600 бода. Останатите три се Mихаел Шумахер(1369), Aлан Прост(798,5) и Аиртон Сена(614).
ВОЗАЧИ:
• Луис Хамилтон го започна од пол позиција Јапонското ГП во 2007 и 2008. Победи на минатогодишното, но инцидент на првиот свиок т.е. контактот со Фелипе Маса го донесе на 12-тата позиција. Овој викенд ќе биде прв пат да се трка во Сузука.
• Хеики Ковалаинен го постигна својот прв Ф1 подиумот во Фуџи во 2007 година. Минатата година се откажа поради проблеми со моторот.
• Џанкарло Физикела учествувал на секое Јапонско ГП од 1997 година, но не се пласирал во поени се до 2004 година. Тој се пласираше на Подиумот во 2005 и 2006 година, но во 2008 година се квалификуваше на последената стартна позиција и потоа се откажа од трката поради проблеми со менувачот.
• Кими Раиконен има 5 пласмани на Подиумот во 8 Јапонски ГП-ја, вклучувајќи ја и победата во 2005 година, остварена од 17-тата стартна позиција.
• Ник Хајдфилд има освоено само еден бод во девет трки во Јапонија.
•Фернандо Алонсо победува на две од последните три јапонски ГП-ја, во 2006 и 2008 година. Во 2007 година, имаше излетување додека се бореше со Луис Хамилтон за Титулата светски првак.
• Јарно Трули има освоено само три бода од 11 посети на Јапонија. Неговиот најдобар резултат е петтото место минатата сезона.
• Себастијан Ветел стана најмладиот возач досега што водел на една Ф1 трка во Јапонија, во Фуџи. Тој потоа се откажа од трката, по судирањето со Марк Вебер зад безбедносното возило.
• Нико Розберг се уште ги бара своите први бодови во Јапонија, по три обиди. Неговиот најдобар резултат е 10-то место на неговата прва посета на Сузука во 2006-тата година.
• Рубенс Баричело победи на Јапонското ГП во 2003, но од тогаш нема освоено бодови.
ТИМОВИ:
• Ферари има победено пет пати по ред 2000-2004, но нема победа од тогаш.
• Рено победи на Јапонското ГП двапати во последните четири години (двете се победи на Алонсо) и заврши на второто место во другите две сезони (Физикела и Ковалаинен).
• Вилијамс нема освоено бодови во Јапонија од 2005 година, кога Марк Вебер трката ја заврши на 4-тата позиција.
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
No comments:
Post a Comment