2009 БРАЗИЛ ГП: СРЕДБА АЛОНСО-МАСА - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

17 October 2009

2009 БРАЗИЛ ГП: СРЕДБА АЛОНСО-МАСА


Тензиите меѓу Алонсо и Маса, ако воопшто и постоеа, беа разрешени на нивната денешна кратка средба во Бразил. Како што знаеме, Бразилецот изјави дека Фернандо знаел за планот што го извеле во Рено за Нелсињо Пике да излета од патеката со цел Алонсо да победи.

Тие дадоа до знаење дека овој инцидент нема да се одрази на нивниот однос во Ферари, а тимските цели се поважни од индивидуалните личности. Алонсо изјави дека со Фелипе имаат добри односи и тешко дека тоа ќе се промени наскоро. Сосема добро се разбираме со Маса. Имавме неколку битки на пистите, особено во Барселона и Нирбургринг во 2007 година. Но минатата година го подобривме односот па верувам дека супер ќе се разбираме во Ферари.
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here