МАСА СЕ ВРАЌА ВО АБУ ДАБИ?!? - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

06 October 2009

МАСА СЕ ВРАЌА ВО АБУ ДАБИ?!?


Маса изјави дека не е невозможно неговото враќање во Формула 1 за последната трка во сезоната во Абу Даби. Toј од вчера се наоѓа во Маранело и започна со работа на техничките детали, како и на неговата физичка форма. Маса се очекува да работи со симулатор, а потоа да тестира со две години стариот F2007 со ГП2 гуми подоцна овој месец.

Во изјавата за Gazzetta dello Sport, возачот на Ферари изјави дека не е можно да се врати за неговата домашна трка следната недела, но не е невозможно да се врати на финалнииот настан на оваа сезона.

"Тоа би било премногу блиску до лимитот," изјави Маса за враќањето во Бразил. "Ќе пробаме за Абу Даби, но ќе ни треба овластување од ФИА . Тоа зависи од овој тест со F2007. Јас совршено се сеќавам како да возам. Целта не е веднаш да се добијат топ времиња, туку само да возам повторно. Во секој случај ви треба добра кола и добар сет-ап."

"Последиците од несреќата можеа да бидат многу сериозни и со оглед како се чувствувам сега, нема сомнеж: Имав голема среќа. Честопати ја гледав несреќата на телевизија и исто така себеси со повреденото око. Тоа е шокантно, но бев заспан и не можев да чувствувам ништо. "

Маса, исто така, ја поздрави одлуката на Ферари да го ангажира Фернандо Алонсо како неговиот тимски колега за 2010 година.

"Тој е навистина добар возач. Ќе бидеме добар тандем и се надевам дека ќе завршам пред него!"

__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here