МАСА: УШТЕ СУМ ИСТОТО "КОПИЛЕ" - МкФормула 1 2009/10

Breaking

МкФормула 1 2009/10

Најдобриот Ф1 блог во Македонија

13 October 2009

МАСА: УШТЕ СУМ ИСТОТО "КОПИЛЕ"


Фелипе Маса, по денешните тестови во Мугело, изјави дека е истиот возачот што беше пред неговата драматична несреќа на Голема награда на Унгарија.

Фелипе Маса:
"Кога бев внатре во болидот се чуствував како да не се случило ништо: Јас сум истото копиле како порано. Се мина добро, физички се чувствувам многу добро, се чувствувам како несреќа од 25 јули да не се случила никогаш. Немав никакви проблеми со видот и денес бев спремен да извозам не само една, туку две трки по ред. Очигледно е дека треба да ги почитуваме лекарските ограничувања, како мерка на претпазливост, но по враќањето во болидот, можам да кажам дека сум истиот оној што бев пред несреќата. "

"Ние може да започнеме со подготовки за следната година, која нема да бида лесна, бидејќи оваа година беше тешка, и да работиме на новиот болид напорно за да може да се бориме за шампионатот. Алонсо е добар професионалец, па не гледам зошто би имал проблем со него. Тој не доаѓа овде за да стане мојот најдобар пријател, она што е важно е да имаме добар професионален однос. "

"Уште сум многу лут за ланската ГН на Сингапур, бидејќи со тоа што се случи тогаш не се промени само трка, туку целото првенство. Победник на трката се уште е Алонсо, Бријаторе отиде дома, но ништо не се промени во врска со она што тие го украа од нас. Многу ми е жал за тоа, бидејќи резултите од првенството можеа да бидат подруги. "

______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

No comments:

Post Top Ad

Responsive Ads Here